Заев: Усеини ќе одговара, макар и изгубиле во Охрид

Премиерот Зоран Заев вети дека охридскиот советникот Нефи Усеини ќе одговара доколку извршил физички напад, односно дека нема да биде заштитен.

„Ако направил физички напад, ќе одговара, не судам во делот на вината, истрагите ќе си покажат. Предрасуди нема спрема никој. Има општини каде СДСМ нема контрола врз мнозинството во Советите, па тие функционираат нормално. Немаме резерви дали ќе изгубиме мнозинство или не, се работи за закон. Без разлика на последиците. Ова прашање не треба да се политизира. Се работи за почитување на законот. Тие што се претавници на полтиичките партии, тогаш треба да бидат пример за другите“, рече Заев.

Усеини сега е повторно во центарот на вниманието во јавноста откако физички нападна универзитетски професор. Пред две недели, свечено си ја отвори пицеријата – дивоградба во центарот на Охрид.

Вицепремиерот Бујар Османи застана во одбрана на својот сопартиец и напомена оти пицеријата ќе се срушела откако ќе почне неселкеитвното рушење на дивоградбите.

Невладините организации решија да го пријават Усеини во странските амбасади. Унеско ни даде рок до февруари да срушиме над 400 дивоградби во Охрид доколку сака да остане заштитено подрачје.