Сеад Кочан со полиција спроведен во „Идризово“


Осудениот бизнисмен Сеад Кочан вечерва од приватна болница каде наводно се лекуваше, полицијата го однесе во затворот „Идризово“ на издржување на казната од четири години и осум месеци затвор на којашто е правосилно осуден во случајот „Труст“.

Судија за извршување на санкции го отфрли и неговото последно барање за одложување на затворската казна и вечерва издаде наредба, Кочан со полициска придружба да биде спроведен во затвор.

Кочан требаше да замине во затвор на 17 јули, но неколку пати бараше да му биде одложено издржувањето на казната, прво заради незавршени работи, а потоа поради здравствени причини. Последното барање за одложување го испрати од приватна болница каде се лекувал.

Прво беше осуден на затворска казна од шест години, а потоа Апелацискиот суд му ја намали на четири години и осум месеци за незаконско добивање на тендер од 17 милиони евра.