Османи во Берлин на среба со Рот


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамки на неговата турнеја по европските метрополи, денеска е во работна посета на Сојузна Република Германија на средба со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот. Централна тема на средбата, како што соопшти неговиот кабинет, ќе бидат европските интеграции на […]

Тешко до една изборна единица во 2020 година


Дванаесет пратеници од помалите партии во парламентот ќе се сретнат утре со спикерот Талат Џафери за дa му ја образложат својата иницијатива за промена на изборниот модел така што државата би била една изборна единица. Зад оваа иницијатива стојат Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Јулијана Николова од ЛДП, како и Рубин Земон, Ферид […]

Ивановска ќе го симнува Иванов од „Скај сити“


Антикорупциската комисија вчера се сети на експретседателот Ѓорге Иванов, кој откако ја напушти функцијата – на 12 мај годинава и го пресели кабинетот во облакодерите на „Џевахир холдинг“ – речиси воопшто се нема појавено во јавноста. ДКСК најави дека ќе побара од Службата за општи и заеднички работи (СОЗРМ) на Владата да го раскине договорот […]

Филипче: Треба да се врати довербата меѓу пациените и здравствените работници


Потребно е да се спроведе процес на враќање на довербата меѓу пациените и здравствените работници, да се упати порака дека со насилство не се решаваат работите, истакна министерот за здравство Венко Филипче кој денеска присуствуваше на протетсот против масислтвото врз здравствените работници. – Со насилство не се решаваат работите. Сметам дека нема никаква логика да […]

Обвинителството ја анализира документацијата за случајот со Рашковски


Обвинителството ја анализира документацијата за тендерот за набавка на радарски систем за „Македонска навигација’ (М-НАВ), за што беа објавен снимки од разговори во владата, на состанок што го организирал генералниот секретар Драги Рашковски. Од обвинителството информираа денеска дека веднаш по објавенат аудио-снимка е отворен предмет, а се процесуира и кривичната пријава поднесена од партија. -По […]

Села би коалицирал со Мицкоски ако се извини или огради за 27 април


Не е првпат партиите на Христијан Мицкоски и на Зијадин Села да коалицираат на локално ниво, но последната нивна соработка, која резултираше со превласт во Гостивар во однос на СДСМ и ДУИ, ги поттикна гласиштата за можно заедничко формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијансата за Албанците доколку добијат победнички број гласови на идните […]

Туск ни симна капа – на ред се лидерите на ЕУ


Полна уста пофални зборови за остварувањата на земјава на патот кон ЕУ имаше претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, при вчерашната негова последна посета на Скопје на таа функција. Од најдобрата можна адреса, како што самиот кажа, ги повика лидерите на ЕУ да ја завршат својата работа „затоа што Северна Македонија направи сè што се […]

Дали Јанева излегува од притвор?


Кривичниот суд, односно судија на претходна постапка, деновиве треба да донесе одлука дали поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ќе се излезе од притвор. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска вчера до судот поднесе барање Јанева да излезе од Шутка, каде што била во тешка психичка состојба. „Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може […]

Ќе има ли „анкетна“ за СЈО? Опозицијата во расчекор со Туск


Додека претседателот на Европскиот совет Доналд Туск вчера во зградата на владата во Скопје ги поздравуваше досегашните постигнувања на земјава во делот на владеењето на правото, во опозициските кабинети во парламентот се пишуваше иницијатива за формирање анкетна комисија која би го истражувала работењето на СЈО. Наспроти оценката на Туск дека во Брисел не постои сомнеж […]

Протест за насилството врз здравствените работници


Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар ќе се одржи протест, во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. Протестот следува по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, во Поликлиниката Драчево, а напади имаше и во Тетово и […]

Ново рочиште за „Монструм“ со старите обвинители Фетаи и Бубевски


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, „Монструм“ на СЈО. Судијата Огнен Ставрев минатото рочиште го одложи поради состојбата со Специјалното обвинителство, за која рече дека се надева оти за неколку дена ќе биде јасна и […]

Бутикофер: ЕУ да ги започне преговорите со Северна Македонија


Копретседавачот на Европската зелена партија, Рајнхард Бутикофер во својот твит во врска со посетата на Доналд Туск, изјави: Туск е во право кога повикува на почнување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. ЕУ мора да си го заврши својот дел од работата, бидејќи Северна Македонија си ја заврши својата. #Tusk is right in calling […]

Апелацискиот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“


Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда. Основниот кривичен суд на 2 ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор […]

Јовески ги овласти Фетаи и Бубевски и натаму да го застапуваат „Монструм“


Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги овласти довчерашните обвинители во СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“, потврдија за МИА извори во ЈОРСМ. Судењето за „Монструм’ односно петкартното убиство кај Смилсковското езеро, треба да продолжи утре во Кривичниот суд. Советот на јавни обвинители вчера го констатира престанокот на мандатот […]

Јанева во Анкетниот лист до Антикорупциска пријавила дека купила половно возило


Државната комисија за спречување на корупцијата немаат отворено предмет за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор и третосомничена во случајот Рекет. Претседателката на Антикорупциска Биљана Ивановска изјави дека тие не водат случај за Јанева, случајот е во Обвинителството. Поранешната специјална обвинителка пријавила само една промена во анкетниот лист и тоа за […]

Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева, одбраната очекува одлука до петок


Барањето за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е доставено до Судот и очекуваме до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука, потврди денеска за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска. – Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, […]

Антикорупциска го симнува Иванов од „Џевахир“


Антикорупциската комисија ќе побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и да му додели канцеларии во државна сопственост. Претседателката на Комисијата Биљана Ивановска на денешната седница на ДКСК рече дека сегашните простории на поранешниот претседател се избрани во една […]

Туск: Вашата земја направи се, сега е ред на лидерите на ЕУ да го завршат своето


Северна Македонија си ја заврши работата и сега е ред на лидерите на ЕУ да го завршат своето, порача претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на зедничката прес-конференција во Владата со премиеропт Зоран Заев. – Во јуни јасно кажав дека земјата направи се што се очекуваше од вас за да може да се почнат преговорите […]

ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира анкета комисија за СЈО


Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ доставиле предлог до парламентот за формирање анкетна комисија која ќе го испитува работењето на СЈО, по разрешувањето на Катица Јанева. Во предлогот се посочува дека треба да се испита работењето и начинот на трошење на средстават од буџетот наменети за СЈО. Анкетната комисија, како што се наведува во образложението на предлогот, […]

Фрчковска ќе бара да и се укине притворот на Јанева


Укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ќе побара днеска нејзината адвокатка Ирена Фрчковска. Фрчковска во изјава за МИА рече дека барањето ќе го достави до Судот во текот на денов. Таа ќе побара Јанева да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот.