Катица видела што кажале за неа Лиле Стефанова и другите обвинители


Фото: Б. Грданоски

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева вчера неколку часа вршеше увид во доказите кои ги собрало Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција против нејзе.

Јанева беше донесена во Обвинителството со полициска придружба, но поради куќниот ред на затворот во Шутка каде издржува притвор Јанева по три часа замина од Обвинителството, а увидот го продолжија нејзините адвокати.

Јанева не го видела исказот на Зоран Милески – Кичеец, кој е второосомничен во истрагата за „Рекет“, но ги видела исказите на сведоците во овој случај, а меѓу нив се и исказите на нејзините поранешни колеги на кои им беше претпоставена, обвинителите, Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми.

„Исказот на второосомничениот на Кичеец „Не ни беше даден на увид исказот на второсомничениот, без образложение. Нас ни беа дадени на увид исказите на сведоците, но не и на осомничените бидејќи обвинителството немало таква обврска. Нашето мислење е различни бидејќи нивните искази во однос на осомничените треба да се третираат како искази на сведоци“, изјавија адвокатите на Јанева.

Јанева беше спроведена во вторникот да даде исказ во Обвинителството, но и таа како и првоосомничениот во аферата одлучија да дадат исказ откако ќе направат увид во доказите.

Истрагата за еден дел од овој случај, во делот за тоа дека наводно издејствувале над 1 милион евра од бизнисменот Орце Камчев кој беше осомничен во случајот „Империја“ на СЈО. Засега за аферата се осомничени само Јовановски, Кичеец и Јанева. Јовановски и Јанева засега немаат дадено исказ во Обвинителството, а Кичеец беше донесен таму два пати, а еднаш дал и исказ. По завршувањето на истрагата единствено тој од Шутка замина во домашен притвор.