Црна елеганција : Заеви на прием кај Доналд и Меланија Трамп


САД- Премиерот Зоран Заев со неговата сопруга Зорица присуствуваа на приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија во Њујорк.

Протоколарниот настан секогаш предизвикува внимание во онос на изборот на гардеробата.

Зорица Заева избра црн комплет, со гердан бисери и црвен кармин како моден додаток. Во црн комбинезон беше и Меланија Трамп. Пригодата бара едноставни црни салонки со висока потпетица, како што секогаш избира првата дама на САД.

Премиерот Заев и во оваа прилика избра елегантен црн костум со сина вратоврска исто како и американскиот претседател кој ја искомбинира со тегет костум.

Трамп ги нагостија и другите високи гости од регионот како хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.