Извадени автомобилски гуми од Вардар


Од коритото на Вардар денеска се извадени повеќе автомобилски гуми во акцијата што беше спроведена кај течението под мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. Акцијата ја организираше граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“. Акцијата […]

Од срцеви заболувања лани починале 10 000 лица, да се работи на превенција


Минатата година од кардиоваскуларни заболувања во државава се починати околу 10 илјади лица, а поголем дел од нив се жени. Карактеристично е дека се поместува границата на возраста за смртноста од овие заболувања. Се почесто, поради лошиот стил на живот, од овие заболувања починуваат и млади луѓе на возраст од 40, па дури и под […]

Блок: Скопје и Тирана треба да се третираат одделно


Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок изјави дека Скопје и Тирана треба да се третираат одделно кога станува збор за започнување преговори со ЕУ. – Проширувањето е повторно на агендата во октомври. Среќен сум што одговорив на прашањата што ми беа поставени, но нема да има изненадувања бидејќи ставот е ист како што разговаравме […]

Димитров очекува поддршка и од Франција за почеток на преговорите со ЕУ


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, очекува и Франција да и даде поддршка на земјава за датум за почеток на преговори со Европската унија. – Јас искрено не можам да верувам дека еден од големите лидери на Европа би направил таква стратешка грешка. Не може да не се охрабри добриот тренд, а да се успее […]

За Заев нема потреба од избори, Мицкоски предлага да се одржат во март


Не се потребни предвремени избори без разлика на јаловите, неаргументирани барања на опозицијата, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Детектор“ на ТВ Сител. Според Заев, потребен е цел мандат за да може граѓаните да ги почувствуваат придобивките од евроатланските интеграции. -Не се потребни предвремени избори без разлика на јаловите, безаргументирани барања на опозицијата, според […]

Карпош ќе добие спортско адреналински парк


На „Алпинистичката карпа“ долж Кејот на реката Вардар викендов се одржа 9. Балканско првенство за деца во качување на вештачка карпа – „Атомска мравка“. Меѓународната манифестација каде што се натпреваруваа повеќе од 150 деца од седум различни земји, ја организираше спортско качувачкиот клуб „Карпош“, со поддршка од Општина Карпош, Град Скопје и Македонската спортско качувачка […]

Изминатото деноноќие полицијата казнила над 150 возачи


Изминатото деноноќие полицијата спровела акции за откривање возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената и возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и притоа по разни основи изрекле над 150 казни. Како што соопшти МВР, полицијата вчера во периодот од 06:00 до 24:00 часот спровела акциска контрола за откривање на возачи кои ја […]

Kаракачанов: Ако Комисијата нема рок, ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон ЕУ


Софија – Ако Комисијата за историски и образовни прашања нема рок, тогаш ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон ЕУ Неприфатливо е некој да мисли дека тие едноставно ќе ја искористат Бугарија само за влез во ЕУ – изјавил бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, коментирајќи го неодамнешното интервју на претседателот […]

Рама во ОН: Преговори со Албанија и Северна Македонија – најпаметна одлука на ЕУ


Отворањето преговорите со Албанија и Северна Македонија ќе биде најпаметна одлука на ЕУ, порачал албанскиот премиер Еди Рама од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации, јави МИА. -Давањето позитивен одговор на Албанија и Северна Македонија на 18 октомври за нивната амбиција да започнат преговори за членство, нема да биде обична награда заснована врз нивните […]

Нови вработувања, па реформа на администрацијата


Во тек се огласи за четириесетина нови вработувања во администрацијата. Се бараат државни службеници во Министерство за труд и социјална политика, односно Држаниот инспекторат за труд, во Министерство за образование и наука, поточно во Бирото за развој на образованието, во канцеларијата на премиерот Зоран Заев и во Собранието, како и во Министерство за здравство, односно […]

Загина 43-годишен работник, паднал од далновод


Вработен во електродистрибутивната компанија ЕВН загинал денеска околу 9 часот и 30 минути откако паднал од далновод во близина на тетовското село Џепчиште. -Во СВР Тетово околу 9.30 часот вработен во ЕВН пријавил дека неговиот колега Д.С (43) вршејќи интервенција односно отстранување на дефект на далновод паднал и починал. Повикана е итна медицинска помош која […]

Низ Скопје како по писта: Над 170 возачи казнети за алкохол, брзо возење…


Повеќе од 170 возачи се казнети на скопските улици поради разни прекршувања на законот. Во акцијата на полицијата реализирана вчера од шест часот наутро до полноќ, санкционирани се 12 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 46 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог. Кај 32 возачи […]

Тахири против балканскиот Шенген: Нео-југословенска тенденција


Поранешниот главен косовски преговарач во дијалогот со Србија, Едита Тахири изјави дека е против идејата за балкански Шенген. За тиранската телевизија Ора њуз, Тахири рече дека ова е нео-југословенска тенденција што ќе им наштети на Балканот и на Европа. Таа смета дека Балканот не е заинтересиран и не треба да биде заинтересиран да се обедини, […]

Ехото од Берлин во координација со Париз


Германскиот Бундестаг ја крена рампата за Северна Македонија и Албанија за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Германското „да“ се смета за важен сигнал од една од најважните и највлијателните членки пред конечната одлука на Советот за општи работи на ЕУ на 15 октомври. Причини за зголемен оптимизам секако дека има, но, сепак, не […]

До Брисел и без закон за обвинителство: Danke Deutschland


Патот за старт на преговорите на земјава за членство во Европската Унија полека се отвора. Германскиот Бундестаг и одобри на Владата да се заложи за отворање пристапни преговори, а позитивни сигнали доаѓаат од Франција, по изјавата на францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние кој изрази очекување за зелено светло и од претседателот Емануаел Макрон.  Вицепремиерката […]

ВМРО-ДПМНЕ од Битола ја почна кампањата, Мицкоски: Ќе ја обновиме државата


Ние од денес тргнуваме по домовите, улиците и булеварите за на граѓаните да им ја раскажеме нашата приказна и со нив во нашата предизборна програма да ги реализираме политиките на идната Влада, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски и го најави почетокот на кампањата „Разговори за обнова на Македонија“. Пред битолчани Мицкоски посочи […]

Заев за „Гласот на Америка“: Да го решиме прашањето за јавното обвинителство до 15 октомври


САД – Идната недела би бил спремен да се сретнам со шефот на опозицијата за законот за јавното обвинителство. Ако направиме исчекор водени од интересите на државата, можеме да постигнеме договор, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Гласот на Америка. Заев е оптимист дека до 15 октомври, кога се очекува одлука на министрите на ЕУ за […]

Тимоние очекува зелено светло од Макрон за старт на преговорите на С.Македонија со ЕУ


Очекуваме зеленото светло од претседателот Емануел Макрон, изјави францускиот амбасадор Франсоа Тимоние во Битола, а во врска со очекувањата на ставот на Република Франција околу определувањето датум за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Коментирајќи ја одлуката на германскиот Бундестаг, францускиот амбасадор во земјава нагласи дека секоја држава има свој систем […]

Ексклузивно интервју со Ерос Рамацоти: Уште се смеам на шегите од Тина Тарнер


Повеќе сакам да возам велосипед или да јавам коњи отколку да седам дома и да гледам филм или да читам книга, вели музичарот и пејач Ерос Рамацоти (56) во интервју за „Независен весник“. Италијанскиот романтичар в понеделник, 30 септември, во организација на „Авалон продукција“, ќе одржи концерт во Скопје во А1-арената. Во рамките на својата […]

(Видео) Заев за ИБНА: Грција ќе нѐ поддржи пред Европскиот совет


Грција ќе ја поддржи Северна Македонија пред Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Тоа не е само обврска од Преспанскиот договор, туку е пријателско чувство, да се  поддржи најблискиот сосед, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју што го дал во Њујорк за грчката агенција ИБНА. На прашање за првата средба на […]