Извадени автомобилски гуми од Вардар


Од коритото на Вардар денеска се извадени повеќе автомобилски гуми во акцијата што беше спроведена кај течението под мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.

Акцијата ја организираше граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“.

Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести, што трае до 27 септември.

Граѓанската иницијатива редовно спроведува ваков вид акции во насока на зголемување на еколошката култура во градот.