Низ Скопје како по писта: Над 170 возачи казнети за алкохол, брзо возење…


Повеќе од 170 возачи се казнети на скопските улици поради разни прекршувања на законот. Во акцијата на полицијата реализирана вчера од шест часот наутро до полноќ, санкционирани се 12 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 46 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог. Кај 32 возачи било откриено присуство на алкохол во крвта над дозволените 0.5 промили. Откриени се 13 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и шест прекршочни платни налози.

Меѓудругото, санкционирани се и 11 возачи затоа шпто не давале предимство на минување.