Нови вработувања, па реформа на администрацијата

Во тек се огласи за четириесетина нови вработувања во администрацијата. Се бараат државни службеници во Министерство за труд и социјална политика, односно Држаниот инспекторат за труд, во Министерство за образование и наука, поточно во Бирото за развој на образованието, во канцеларијата на премиерот Зоран Заев и во Собранието, како и во Министерство за здравство, односно Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Додека се распишуваат конкурси за нови вработувања во државната служба, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски деновиве најави трансфер на административци во приватниот сектор, преку преквалификација на државен трошок или, апк, фирмите ќе добијат буџетски субвенции за преземање работници.
Манчевски најави дека до крајот на годинава треба да заврши реорганизацијата на државната администрација.