(Фото) Новите цени на бензините ги „окупираа“ бензинските станици


Новите цени на нафтените деривати, повисоки за 7,96 отсто, кои попладнево ги објави Регулаторната комисија за енергетика, создадоа редици пред бензинските пуумпи. Возачите побрза да ги наполнат резервоарите на возилата и на таков начин да заштедат барем некој денар, макар и еднократно, бидејќи веќе наредното полнење ќе биде по нови  цени на горивата. А, новите […]

Пендаровски: Да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи


Во периоди на нарушување на нормалноста, отпорноста зависи од нашата адаптибилност и одлучност. Да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи, порача денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на вториот ден од Скопскиот економско финансиски форум (СЕФФ) што се одржува во Скопје, под покровителство на Министерството за финансии. Како што нагласи Пендаровски, нашиот одговор […]

Лидерите на ЕУ се согласија да забранат 90 отсто од увозот на руска нафта до крајот на 2022 година


Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа политички договор за ембарго од околу 90 отсто врз руската нафта, Унгарија го доби исклучокот што го бараше, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај песимизмот во одредени кругови во ЕУ, лидерите сепак изнајдоа начелен политички договор за руската нафта. До крајот на годината […]

Пол Кругман порача да ги поправиме патиштата за да привлечеме инвестиции


  Еден од водечките економисти на денешнинава, нобеловецот Пол Кругман, денеска во Скопје порача дека Северна Македонија има добри можности за развој, но дека треба да ја подобри инфраструктурата. „Локацијата на вашата земја е добра, политичкиот систем е добар, но треба да се поработи на патиштата“, рече Кругман, зборувајќи за новите трендови во светската економија […]

„Њујорк тајмс“: Како Турција стана нестабилен сојузник на НАТО


  Кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган овој месец се закани дека ќе го блокира членството во НАТО на Финска и Шведска, западните функционери беа огорчени – но не и шокирани. Во сојузот што функционира со консензус, моќниот турски човек се смета за една работа налик на уметник. Во 2009 година, тој го блокираше назначувањето […]

Голем пожар во Тетово – гори поранешниот Монопол


Густ црн чад се издигна утрово над Тетово. Според локалните медиуми, станува збор за пожар во кој наводно е зафатен поранешниот Тутунски комбинат познат како Монопол, јавуваат повеќе медиуми. Пожарот веднаш бил пријавен во тетовската противпожарна единица и пожарникарите со неколку возила се веќе излезени на терен. Пожарот утрово изби во магацин за градежен матeријал […]

Невреме во Македонија, поплавени улици, делови во Скопје без струја


Силен дожд проследен со ветар и грмотевици, а некаде и со град денеска зафати делови од земјава, поплавувајќи улици, а во Скопје делови од градот останаа без струја повеќе од еден час. Како што соопштија од Центарот за управување со кризи на нивната Фејсбук страница, превентивената препорака, односно апелот до граѓаните за внимателност заради силно […]

Кога се заминува во пензија: Најдолго се работи во Италија, кај нас покусо, ама покус е и животниот век


Возраста на која се заминува во редовна пензија во земјите од Европа е различна и се движи од најмногу 67 до најмалку 56 години. Во одредени земји е иста возраста на која се пензионираат и мажите и жените, а во други, пак, жените одат порано од мажите. Се разликува и барањето за минимален стаж како […]

За Путин нема многу избор и покрај последните воени успеси во Донбас


  Русија Владимир Путин мора да се чувствува прилично задоволен со себе. По неколку месеци лоши вести, неговите сили се чекор поблиску до освојување на Донбас, па дури и британскиот премиер Борис Џонсон признава дека Русите прават „постепен, бавен, но, се плашам, опиплив напредок“, пишува професорот Марк Галеоти, добар познавач на состојбарта во Русија и […]

(Галерија) Погледнете како беше на концертот на „Дип парпл“ во Скопје


Повеќеилјадната публика во Скопје, имаше можност вечерва да ужива во концертот на еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, „Дип парпл“. Актуелната долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, Roger Glover, Steve Morse и Don Airey, плени прво со својата потентност (четири студиски албуми во последните десет години), а потоа и со непрекинатото одржување на […]

Децата во Тексас ја молеле полицијата да дојде, таа се колебала


  Полицијата донела „погрешна одлука“ со тоа што не успеала да упадне во училница во основно училиште во Увалде, Тексас, каде вооружен напаѓач уби 19 деца, изјави највисокиот претставник за безбедност. „Ако мислев дека ќе помогне, би се извинил“, рече Стивен Мекроу за време на жестоката прес-конференција во петокот. Полицајците го одложија влегувањето бидејќи не […]

„Тиквеш“ потпишува договори со лозарите пет месеци пред откупот, цените повисоки од лани


  Откупни цени на грозјето повисоки од минатата година, опција за плаќање во рок од седум дена од денот на приемот на грозјето, субвенции за заштитни средства,  стручна помош за добивање на што повисок квалитет со цел на добивање што поквалитетно вино, се дел од критериумите кои денеска во Кавадарци им ги соопштија од Винарската […]

„Финтите“ на општините може да ја поскапат струјата за граѓаните за десет отсто


  Манипулациите кои дел од општините во земјава ги правеа во екот на енергетската криза за набавка на електрична енергија по повластена тарифа, може да ја зголемат цената на струјата за граѓаните десет отсто, предупреди денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. „Јас верувам дека Електродистрибуција ќе објави кои се тие општини […]

За Бранко Црвенковски потписот на „заедничката историја“ со Бугарија бил грешка


  Поранешниот претседател и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, на трибина организирана од Амбасадорскиот совет, оцени дека потписот за „заедничката историја“ со Бугарија и за формирањето на Историската комисија бил грешка и дека, наспроти Преспанскиот договор со Грција, кој ги затвори спорните прашања меѓу двете земји, овој ја отворил Пандорината кутија и ги влошил билатералните […]

Коалицискиот совет на бугарската влада се собира денес заради Македонија


  Акне кај претседателот Румен Радев, тогаш во владата. Во петок навечер ќе се одржи состанок на коалицискиот совет посветен на односте со Македонија. Ова го соопшти пратеникот од ИТН Станислав Балабанов. Според него, партијата ќе оди да дознае зошто воопшто се состануваат. Балабанов коментира дека ставот на Бугарија на оваа тема бил јасен. Прашањето […]

Америка ќе ѝ испрати на Украина моќни ракетни системи


  Администрацијата на Бајден се подготвува да го засили видот на оружјето што ѝ го нуди на Украина со испраќање напредни ракетни системи со долг дострел, кои сега се главното барање на украинските власти, велат повеќе официјални лица за Си-Ен-Ен. Администрацијата се стреми кон испраќање на системите како дел од поголем пакет воена и безбедносна […]

Премиерот на Ирска бара да се сменат правилата во ЕУ – да нема вето за проширувањето


  Ирскиот премиер, Михол Мартин, изјави дека неговата земја е отворена за промена на договорот на Европската унија врз основа на предлозите за ревизија на работата на Унијата, што сигнализира потенцијална поддршка за отстранување на ветото на земјите-членки за проширување на блокот и за воведување санкции. „Ние не ја затвораме вратата против промената на договорите […]

Трагедија во Сенегал: Единаесет новороденчиња изгореа во пожар во болница


Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница во сенегалскиот град Твауан, околу 120 километри источно од главниот град Дакар. „Болка и шок откако дознав за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот што избувна во болницата Мама Абду Азиз Си Дабак во Тивауан“, напиша сенегалскиот претседател Меки Сал во […]

Пратениците заклучени, затворени врати на пленарната сала… Што се случуваше на 71. седница во Собранието


Претседателот на Собранието Талат Џафери, синоќа, неколку минути пред 23 часот ја прекина 71. седницата, на која почна расправата по 15. точка од дневниот ред Дополнет предлог на закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. По 22 часот, во Собранието завладеа напната атмосфера откако претседателот Џафери нареди да се заклучи вратата на собраниската […]

Џафери нема да се извини, одговорноста ја префрли на вработените


  Собранискиот спикер Талат Џафери нема да се извини на собраниските службеници што ги навредуваше, а за што јавноста дозна преку Собранискиот канал. На брифинг со новинарите денес тој одби да одговари конкретно за својот дел од одговорноста, сугерирајќи практично дека службите направиле грешка со материјалите на седницата и не си ја извршиле добро работата. […]