Петков ќе се спасува со малцинска влада


  Бугарскиот премиер Кирил Петков категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидер на коалициската партија Има таков народ. Половина час откако шоуменот Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“. На Петков со заминувањето на ИТН […]

Јакимовски ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ: „Не можам да дозволам некој да си поигрува со мене“


  Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски (ГРОМ) денеска информираше дека ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. „За жал, целото мое искуство како четврти мандат за градоначалник, очигледно дека не успеваме да се разбереме на соодветен начин и да ја тераме работата. Начинот на работа со опструкции, инает, подметнување, навреди не е соодветен за коалициски партнери. Начинот […]

Ковачевски: Отворен Балкан веќе дава резултати


Премиерот Димитар Ковачевски го отвори самитот Отворен Балкан во Охрид, на кој за првпат учествуваат и лидерите на Црна Гора и на БиХ како посматрачи. Неговата клучна порака беше дека иницијативата Отворен Балкан веќе дава резултати и дека сите што учествуваат во неа се уверени дека таа ќе станува се поатрактивна. Како постигнувања тој спомена […]

Меркел конечно проговори: „Путин сака да ја уништи Европа“


  Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел за прв пат по завршувањето на нејзиниот мандат одговараше на новинарски прашања. На настанот организиран во берлинскиот театар Berliner Ensemble, Меркел (67), зборувајќи со новинарот на „Шпигел“, Александар Осанг, остро го осуди рускиот напад врз Украина: „Ова е брутален напад кој го крши меѓународното право, за кој не постои […]

Ламбе Алабаковски го потпалил бугарскиот клуб, го издале изгорениците на рацете


  БИТОЛА – Популарниот пејач Ламбе Алабаковски е потпалувачот на бугарскиот културен клуб во Битола. Тој лани со семејството се врати од Америка и веднаш се вклучи во културно-забавниот живот во Битола, со настапи во локален клуб, па често можеше да се види во градот и меѓу битолчани. Алабаковски е од преспанското село Љубојно. Од […]

И домаќинства ќе плаќаат индустриска струја – што предвидува новиот модел со блок тарифи


Цената на струјата за домаќинствата во земјава од 1 јули ќе зависи од нивото на потрошената електрична енергија во скапата, дневна тарифа, при што ќе има четири блокови. Најниска цена ќе има за оние кои месечно ќе трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во втората група ќе бидат оние со потрошувачка до 420 киловат […]

Лавров ја откажа посетата на Белград, никој не го пушта да прелета


  Посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија е откажана откако земјите околу Србија го затворија својот воздушен простор за неговиот авион, изјави во неделата за новинската агенција Интерфакс висок извор од руското Министерството за надворешни работи. Изворот го потврди извештајот на српските медиуми во кој се вели дека Бугарија, Македонија […]

МПЦ и официјално автокефална – патријархот Порфириј му го врачи томосот на архиепископот Стефан


  На заедничката литургија, српскиот патријарх Порфириј му го врачи официјалниот документ –  томосот, на архиепископот Стефан, со кој Српската православна црква (СПЦ) ѝ доделува автокефален статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија (МПЦ-ОА). Во томосот за автокефалност, кој беше прочитан во Соборниот храм во Белград, се наведува дека тоа е целосна автокефалност и […]

Киев стресен од неколку силни експлозии по две недели мир


  Киев беше потресен од неколку експлозии рано во неделата, изјави градоначалникот на украинската престолнина, еден ден откако официјални лица изјавија дека војниците повторно зазеле дел од градот Северодонецк на бојното поле во контраофанзива против Русија. „Неколку експлозии во областите Дарницки и Днипровски во главниот град“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на апликацијата за […]

Пожарот во бугарскиот клуб не е бугарска провокација, вели Генчовска 


  БИТОЛА – „Никако, никако од бугарска страна“ не може да се толкува инцидентот во бугарскиот клуб во Битола како провокација од Бугарија, рече денеска во Битола, министерката за надворешни работи на Бугарија  Теодора Генчовска, која потрча од Скопје за Битола со свои очи да се увери во какава состојба е клубот „Ванчо Михајлов“ по […]

Матурата годинава се полага исто како лани


 Во 10 часот денеска во средните училишта низ земјава почна полагањето по првиот екстерeн испит – Мајчин јазик и литература од државната матура за учебната 2021/2022 година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за тестот по македонски јазик се пријавени 11 060, за албански јазик 4308 и за турски јазик  313 матуранти. -Денеска почнува полагањето на државната матура како еден чин на […]

100 дена од војната – Русија исполни малку цели, Украина е девастирана


  КИЕВ – Руските сили напредуваа подлабоко во разурнатиот источен фабрички град Сиевиеродонецк, но украинските војници сè уште се држат таму во петокот додека рускиот напад врз соседот влезе во својот 100-ти ден. Војната за која западните земји веруваат дека Русија планирала да ја добие за неколку часа трае повеќе од три месеци, при што […]

Каде бил Мицкоски кога се гласала резолуцијата за Македонија на ЕПП?


  Власта и опозицијата од утрово се обвинуваат за штотуку изгласаната резолуција на Групата на народни партии (ЕПП) во која се дава поддршка на започнувањето преговори со Македонија – но со исполнување на бугарските барања. Иако оваа резолуција нема директно влијание на одлуките во Европската унија, фактот дека таа била донесена во присуство на Урсула […]

Заедничка изјава на САД и Македонија: Ќе се јакнат сите врски и историски точното сеќавање


По вчерашниот Стратешки дијалог меѓу САД и Македонија двете земји издадоа заедничко соопштение во кое се наведува не само за што разговарале делагацииите, туку какви ќе бидат правците на идната соработка на двата докажани пријатели. Таа соработка е во регионалните иницијативи, одбраната и безбедноста, економијата, енергијата и животната средина, како и врските меѓу луѓето. Еве […]

(ВИДЕО) Османи се сретна со Блинкен: САД и Македонија отвораат ново поглавје во односите


Врв на денешниот Стратешки дијалог меѓу САД и Македонија е средбата на државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи Бујар Османи. На средбата беше нагласено дека Стратешкиот дијалог претставува нов исчекор во билатералните односи и надградба на стратешкото партнерство меѓу двете земји, соопшти МНР. „Нам ни претставува посебна чест што Северна Македонија е […]

Италија слави 76 години од републиката – дефиле на вејачи на знамиња во Скопје


Историското друштво од Кастиљон Фиорентино заедно со нивните вејачи на знамиња, попладнево продефилираа по плоштадот „Македонија“ во Скопје, по повод 76 години од Италијанската Република. Ова друштво ја негува и претставува средновековната традиција која датира уште од 13 век, кога секаде низ Европа, а особено во Италија, важните настани, како завршеток на некоја битка или […]

Европската народна партија бара мерки за почитување на правата на Бугарите во Македонија


  Европската народна партија (ЕПП) на својот конгрес што се одржа во изминатите два дена во Ротердам, Холандија, освен што избра ново раководство на чело со германскиот европратеник Манфред Вебер, усвои и повеќе резолуции од кои една е и за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. Во неа се вели дека ЕУ не е комплетна […]

Почнува Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД


  Билатералните односи меѓу Скопје и Вашингтон, но и прашања од глобален интерес ќе бидат во фокусот на стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД што почнува денеска во Вашингтон, а на кој значајно место во разговорите ќе имаат и темите од областа на регионалната соработка, одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка, трговијата и инвестициите, […]

Речиси 35 отсто од македонските граѓани се со основно образование или неписмени


  Државниот завод за статистика објави нови податоци од пописот кои се однесуваат на образованието. Од нив произлегува дека само околу 20 отсто од граѓаните во Македонија се високообразовани, за разлика од, на пример, Канада каде тој процент надминува 60 отсто. Наспроти тоа, дури 35 отсто од граѓаните кај нас или се неписмени, или почнале […]

Што нè чека во маркетите: Завршија дел од антикризните мерки, храната со пет отсто ДДВ, горива со 18 отсто


Од денеска престануваат да важат дел од антикризните мерки што Владата ги воведе во март со цел ублажување на последиците од енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните. Основните прехранбени продукти повеќе нема да се продаваат со нула проценти ДДВ, а од денес се враќа и ДДВ-то за бензините на 18 проценти. Во изминатите […]