Европа се топи на 43 степени (Галерија)

Во Италија пресушуваат реки затоа што нема врнежи, во Шпанија топлотниот бран ги испразни улиците, во Португалија беснеат пожари. Климатските промени на дело


Речиси пресушената река Серкио во Тоскана, Италија (Фото: ЕПА)

 

Европа силно страда бидејќи температурите се искачуваат до над 43 степени Целзиусови предизвикувајќи суша во Италија, како и шумски пожари во Португалија и Шпанија.

Континентот се пече на екстремни температури, бидејќи дури и стереотипниот британски летен дожд е нарушен од жива од над 31 степени.

Реката Серкио со полно корито во ноември 2021

Намалувањето на врнежите во Италија за 45 отсто, во комбинација со високите температури од 35 степени доведе до пресушување на реката Серкио во Тоскана.

Глетката е впечатлива бидејќи Серкио е една од главните реки во регионот на Тоскана, а во наредните денови температурата ќе се искачи уште повеќе, до 38 степени Целзиусови.

Италија го доживува најжешкото лето досега и е во голема суша.

Шпанците, исто така, се под екстремна и се засолнуваат под сенка во парковите, се упатуваат кон плажите или пијат ледени пијалоци за да се справат со температурата која достига до 43 степени.

Пожарот во југозападниот дел на Шпанија ги натера властите да евакуираат 30 луѓе од домовите како мерка на претпазливост.

Околу 115 пожарникари поддржани од хеликоптери и авиони беа распоредени на тој пожар во близина на селото Ел Ронкилјо.

Пожари во Португалија (Фото: АФП)
Мравјалник на плажата Карсавелош крај Лисабон (Фото: АП)

Земјата е во вториот топлотен бран оваа година, откако го забележа најраниот топлотен бран во јуни оваа година – со температури над 40 степени во делови од централна и јужна Шпанија.

Топлото летно сонце во комбинација со топол воздушен фронт од Северна Африка ги зголеми температурите, соопштија во неделата државните метереолошки синоптичари од АЕМЕТ, а топлотниот бран може да трае до 14 јули.

Највисоката забележана температура во неделата беше 43 степени Целзиусови покрај реката Гвадалкивир во близина на Севилја во јужна Шпанија и во Бадахоз, кон западот на земјата, соопштија синоптичарите.

За Раша (45), сириски здравствен директор кој живее во Абу Даби, топлотниот бран беше несакано изненадување на одмор.

„Не е толку пријатно како што би сакале да биде на одмор, но тоа е она што е. Но, во споредба со пустината, не е толку лошо“, изјави таа за Ројтерс.

Портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо, изјави за Ројтерс дека температурите може да стигнат до 44 степени во Корбода или Екстремадура во јужна Шпанија.

„Тие исто така би можеле да достигнат температура од 42 Целзиусови степени во делови од (средна Шпанија) како Кастилја и Леон и Галиција (во централна и западна Шпанија) во вторник и среда“.

Дел Кампо ги советуваше луѓето да избегнуваат прекумерна физичка активност, да се грижат за постарите лица и да пијат многу вода.

Во Шпанија ова е вториот бран со температури од 43 степени (Фото: ЕПА)

Шпанија не е единствената земја што страда од шумски пожари, бидејќи соседните во Португалија испратија повеќе од 3.000 пожарникари и над 60 авиони да се борат со шумските пожари вчера, во кои властите велат дека се повредени 29 лица. Меѓу нив се и 12 пожарникари.

Европската унија во неделата ја активираше својата програма за помош на воздушната флота за гаснење пожари која им овозможува на земјите-членки да споделуваат ресурси за да ѝ помогнат на Португалија.

Португалија долго време трпи големи, а понекогаш и трагични шумски пожари. Во 2017 година, во шумските пожари кои беа надвор од контрола загинаа повеќе од 100 луѓе.

Европската унија вели дека климатските промени го имаат зафатено континентот соочен со една од најтешките години за природни катастрофи како што се суши и шумски пожари.

Во главниот град на Португалија, Лисабон утре ќе има температури над 37 степени Целзиусови.