Лани биле прислушувани и следени 365 лица


Јавните обвинители лани дале наредба да се користи прислушување на комуникацијата, следење на лица или, пак, тајно снимање во дом и возила и други тајни мерки во дури 44 случаи за кои воделе истрага. Дополнително, вакви мерки се применувале и во 4 други случаи, кои всушност траеле од 2024 година, стои во најновиот извештај на […]

Законот за пушење влегува во завршна фаза. Владата ќе го усвои во вторник


  Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник треба да се разгледа на владина седница, по што се очекува, во најбрз можен рок, да помине и во Собранието. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на завршниот состанок со претставниците од тутунската индустрија и угостителскиот сектор, законот ќе […]

Мицкоски загрижен за Бугарија: Имале голема инфлација, ги лажирале податоците за дефицитот


  Македонскиот премиер очекува дека разумот кај властите во Софија ќе надвладее, но бил загрижен од почетокот од работењето на новата бугарска влада. „Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат. Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми. Гледам […]

Груевски како унгарски државјанин може да биде заштитен, иако Македонија ќе бара екстрадиција


  Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија кој во 2018 година избега во Унгарија, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „унгарски државен интерес“, објавува истражувачкиот портал „ВиСквер“ (VSquare), повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според текстот на познатиот истражувачки новинар, Саболч Пањи, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, […]

Романија протера руски конзул по ударот со дрон. ЕУ подготвува нов пакет санкции


  Дрон удри во станбена зграда во романскиот град Галац, во близина на границата со Украина, при што беа повредени две лица, соопштија романските власти. Според Министерството за одбрана, кратко пред тоа започнал масовен напад со беспилотни летала од руска страна. НАТО и ЕУ ги осудија „неодговорните постапки“ на Русија, а Романија го прогласи генералниот […]

Ново правило на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот: За сѐ да се прашува Мицкоски!


  Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ измислија нова форма на пратенички прашања според која опозициските пратеници за сѐ треба да го прашуваат премиерот Христијан Мицкоски, место  министрите. На собраниската седница за пратенички прашања првпат се случи пратеничка од власта да ги повтори истите прашања од пратеник од опозицијата – само за да овозможи премиерот да одговори. Имено, […]

Пеколно дно на руската тактика во Украина – ползат со километри низ цевки и живеат 10 минути откако ќе излезат


  Руските војници кои се обидуваат да се инфилтрираат во украински позиции ползејќи со километри низ напуштени подземни цевководи, преживуваат често само неколку минути кога ќе стигнат до другиот крај. На команден пункт во североисточната област Харков, украинскиот водник „Товсти“ од бригадата „Хартија“ наслика сурова слика за новата тактика, пишува „Дејли мејл“. Дојавите од дроновите […]

Опозицијата алармира за огромниот долг, Мицкоски смирува – нема ново задолжување од 350 милиони евра во јуни


Колку е Македонија задолжена, кој чии кредити враќа и до каде ќе стигнеме ако продолжи државата да се задолжува без притоа да се креира нова вредност, беа едни од темите на седницата за пратенички прашања што се одржува денеска во Собранието. Опозицијата алармира на висината на долгот и на нови задолжуања, како и на зголемување […]

„Нема да трошиме ни време ни пари“: Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ


  Владата работи на Реформската агенда и тоа е јасен показател на европската ориентација на кабинетот на Христијан Мицкоски. Вака одговорија попладне од Владата на барањето на лидерот на СДСМ да се одржи референдум за членството во ЕУ. „Да не трошиме време и пари на граѓаните“, велат од Владата. Оттаму велат дека отворањето на фондовите […]

Филипче бара да се распише референдум за ЕУ


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција побара власта да распише референдум за членство во ЕУ, и дека за тоа мора да одлучат сите граѓани. „Ова е прашање на сите нас, за секој еден граѓанин, за нашите семејства. Едноставно прашање за нашата иднина. Ова, почитувани граѓани, е референдумско прашање. Не може Христијан Тино […]

САД ќе ни помагаат тендерите да ги добиваат американски компании


  САД ќе ни помагаат да добиеме транспарентни јавни набавки, но нив да ги добиваат американските компании – произлегува од најновиот извештај на Стејт департментот што  ја  објаснува политиката на администрацијата на Доналд Трамп пред членовите на Конгресот. Иако кај нас акцентот беше ставен на најавата дека САД нема да помагаат повеќе во градење на […]

Каде е министерката за финансии: СДСМ ја бара, ВМРО-ДПМНЕ ја правда. Тема Фискалната стратегија и задолжувањето


  Дебатата за Фискалната стратегија и за законот за задолжување за 260 милиони евра кои се на дневен ред на денешната 102. Седница на Собранието, ги стави во фокусот висината на јавниот долг, загрижувачкиот раст на каматниот товар за земените кредити, како и консолидацијата на јавните финансии, но и отсуството од расправата на министерката за […]

Додека трае примирјето и преговорите САД го нападнаа Иран со ракети


  САД започнаа напади врз јужен Иран како тест на седумнеделното примирје, откако двете страни ги намалија надежите за непосреден мировен договор дури и кога преговарачите од Техеран започнаа нови разговори во Катар. Американските сили ги таргетираа местата за лансирање ракети и бродовите што се обидуваа да постават мини, соопшти во вторникот американската централна команда […]

Враќањето на Ципрас ја потресува грчката политика


  Враќањето на Алексис Ципрас, поранешниот левичарски премиер во времето кога Сириза беше власт, и појавата на нови помали партии се очекува да го преобликуваат и фрагментираат грчкиот политички пејзаж пред следните национални избори. Ципрас, кој ја водеше земјата за време на врвот на економската и должничката криза во 2015 година, помина низ вежба за […]

Сè поблиску до голем договор меѓу Вашингтон и Техеран, познати детали: Израел скептичен


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека „конечните детали“ од договорот се во фаза на преговори и дека договорот би можел наскоро да биде објавен. Axios, повикувајќи се на американски функционер запознаен со преговорите, пишува дека договорот е речиси завршен, но дека сè уште има разлики во формулацијата на одредени точки. „Договорот сè уште не […]

Зошто „Рајанер“ бара 20 евра од Скопје, а од другите аеродроми не?


  Аеродромите во Скопје и во Охрид и натаму се едни од ретките воздухопловни пристаништа во регионот и пошироко, кои не се на понудата на „Рајанер“, една од најголемите нискобуџетни авиокомпании во Европа. Во средината на минатата година (мај-јуни) македонската влада и ирскиот авиопревозник беа блиску до договор, но работатa се прекрши околу висината на […]

Ништо од електричните автобуси од Унгарија – поништена јавната набавка


  Министерството за транспорт и врски информира дека Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи. „Министерството за транспорт ве известува дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок“. Нема […]

Судбината на 4iG е неизвесна по смената на власта во Унгарија. Што ќе стане со третиот мобилен оператор кај нас?


  Унгарија неодамна беше шокирана кога дозна дека тамошното министерството за одбрана склучило рамковен договор во вредност од 1.311.050.000.000 форинти (3,6 милијарди евра) со компанијата за вселенска технологија 4iG, која прерасна во ИТ гигант. Магазинот ХВГ напиша дека договорот е потпишан кон средината на март, еден месец пред изборите, од страна на компанијата на Гелерт […]

Сиљановска е збунета од изјавите на обвинителството за шпионската афера во нејзиниот кабинет


  Треба да се води сметка за презумпцијата на невиност додека се собираат податоци за наводната шпионска афера во кабинетот на претседателката. Вака Гордана Сиљановска-Давкова ги коментира наводите кои ја вознемирија јавноста дека некој од вработените таму собирал и енкриптирал чувствителни податоци и ги предавал на странска разузнавачка служба. Обвинтелството уште на крајот на 2025 […]

Германија бара Украина да се приклучи на ЕУ како „придружна членка“. Западен Балкан ќе причека


  Германскиот лидер Фридрих Мерц поднесе нов предлог за забрзување на влезот на Украина во ЕУ, со тоа што веднаш ќе влезе со една нога во вратата, според писмо до кое имал увид „Еурактив“. Земјата, која четири години се бори против инвазијата на Русија, треба прво да се приклучи како „придружна членка“, давајќи ѝ право […]