Која е пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ што направи „кокошарник“ од Собранието? (ВИДЕО)
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната пленарна седница повторно апелираше пратениците да се однесуваат достоинствено и со дигнитет бидејќи ако продолжи наративот на навреди, можно е повторно во Собранието да има немили настани.
Повод беше настанот вчера, на Комисијата за финансирање и буџет, кога пратеничката Лидија Петкоска со недоличен говор ја навреди пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска. На комисиската расправа Петкоска ѝ рече на Тренчевска дека „скока како кокошка“.
„Само два аргументи за колешката Јована Тренчевска која скокаше како кокошка“, рече Петковска.
Спасовски констатира дека добро ќе беше со денешната седница да претседава претседателот на Собранието Африм Гаши.
„Мислам дека однесувањето на пратеници, посебно тие од власта не оди во добра насока. Бевме сведоци на седницата во средата на сите навреди и се што се случуваше и на вонредните конфренции и координации. Мислам дека сосема погрешно ќе биде ако се продолжи со тој наратив. Пратеничката Јована вчера на комисиска расправа беше навредена од пратеничката Лидија Петковска. Не се повикувам на кодексот, туку на човечкото однесување. Сите лоши настани во Собрание се случиле како дел од еден ваков наратив. Никому не му е потребно тоа, најмалку на Гаши, да се случат инциденти, особемо по вакви ниски говори, говори на омраза. Не знам што и се случува на Македонија. Гаши мора да покаже дека односот во Собранието треба прво да го засегне него и да застане во одбрана на пратеницит“, рече Спасовски.
Со констатацијата на Спасовски се согласи потпретседателката на Собранието Весна Бендевска која претседава со седницата.
„Целосно се согласувам со вашиот повик, сите сме повикани да го зачуваме дигнитетот на пратениците и за ова треба најотворено да разговараме“, рече Бендевска.
За истиот настан уште вчера реагираше Моника Зајкова од ЛДП.
„Не, вака НЕ се настапува во претставничкиот дом на народот. Ова е дно! Омраза, навреди, следно што е, насилство??? Ова мора да престане, аман!“, напиша таа на социјалните мрежи објавувајќи го видеото со пратеничката што употреби уличен вокабулар и која покажа дека нема дно што нема да се истолерира во оваа партија.
Петкоска е пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и има и факултетска диплома за туризам и угостителство.
Петкоска во анкетниот лист како пратеник во мандатот 2024/2028 година пријавила имот од 254.926 илјади евра. Во анкетниот лист забележан на 04.08.2024 година на име на брачен другар пријавила куќа и земјиште во Охрид, стекнати со наследство и договор за купопродажба, како и куќа во Рамне, стекната со договор за купопродажба. Нејзиниот брачен другар поседува и имот во Албанија, стан од 40м2, стекнат во 2008 година со договор за купопродажба.
Во анкетниот лист пријавила и возен парк од дури пет возила. Едно на свое име, „Фолксваген пасат“ од 2013 година, џип „Туран“ и „Цитроен берлинго“ на име на брачен другар, како и на име на деца, два мопеди, сите стекнати со договор за купопродажба. На име на брачен другар е пријавена камп приколка, лозје и шума. На име на брачен другар е пријавен и приход врз основ на самостојна дејност од Викендица Петкоски и фирма ДООЕЛ „Рино Макс“.