Епидемилозите од Гостивар пријавија епидемија по големиот број заболени

Министерот за здравство вчера изјави дека нема да биде прогласена епидемија во Гостивар, но тамошните епидемиолози сами прогласија епидемија


Болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар

 

Министерството за здравство не пригласува епидемија по енермниот број случаи на заболени во Гостивар, но епидемилозите од тамошната болница пријавија дека има епидемија.

Заради зголемениот број на заболени со стомачни тегоби, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје пријавија епидемија. Во изјавата која ја дадоа попладнево во тетовскиот центар ги наведоа и причините за овој чекор. Засега не се знае што ја предизвика заразата во Гостивар.

„Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, Центарот за јавно здравје Тетово, Одделение за епидемиологија Гостивар, пријавува епидемија на ниво на подрачјето на Општина Гостивар“, рече д-р Зорица Зафироска епидемиолог.

Таа информираше дека последниве денови е зголемен бројот на заболени. Во последните 24 часа, според информациите од Општата болница Гостивар, на преглед на инфективно одделение се јавиле 204 пациенти, од кои тројца се болнички лекувани. На педијатриското одделение се јавиле 140 пациенти, од кои 105 деца се нови пациенти, а 35 се контролни прегледи, и 9 пациенти побарале помош во Ургентниот центар.

Зафироска кажа дека не е познат причинителот и од каде доаѓа, а дека се во тек анализи и испитувања.

„Сè уште не го знаеме изворот на заразата и причинителот уште ни е непознат. Во тек се испитувањата и чекаме резултати да видиме за што се работи. Редовно ја следиме состојбата, редовно спроведуваме епидемиолошки увиди, ги анкетираме заболените пациенти и за сè ќе бидете дополнително информирани“, изјави Зафировска.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, вчера рече дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби. Познатиот микробиолог, д-р Никола Пановски, побара да се направи токму спроитвното – да се прогласи епидемија во градот. Тој упати сериозни критики до епидемиолошките служби и ги повика неговите колеги на професионална одговорност.

Обвинителството од Гостивар работи на истражување на можноста водата од градскиот водовод да е намерно загадена се работи. Оттаму наведуваат дека се во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод.