Околу 14.000 патници поминале преку ГП „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа


Во изминатите 24 часа, вкупно 14.000 патници ја поминале македонската граница на граничниот премин „Богородица“ на пат кон Грција, информираат од Министерството за внатрешни работи. До 10 часот утринава се регистрирани околу 3.000 македонски државјани кои оствариле излез од овој граничен премин, а останатите 11. 000 се државјани на други земји.  Застој на граничните премини […]

Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за руската агресија врз Украина


Брисел – Белгија донесе одлука да се приклучи кон Специјалниот трибунал за агресијата на Русија врз Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на соопштение на белгиското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа „Икс“. „Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за злосторството агресија против Украина“, соопшти Министерството. Оттаму посочуваат дека Трибуналот е формиран во рамките на […]

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство


Полициски службеници вчера на граничниот премин Табановце го лишиле од слобода Б.К. (44) од Прилеп, осомничен за сторено кривично дело „измама“. Како што соопшти денеска МВР, по претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на […]

1 Мај – ден на борба, а не на празник! СДСМ го поддржува протестот на работниците


Денеска е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, на работниците. Наместо да го слават со одмор и честитки, работниците во Македонија се принудени да излезат на протест, се наведува во соопштението од СДСМ. „Нема зголемување на платите, Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра. Цената на нафтата скокна, инфлацијата е на врата, […]

Најстудено на Попова Шапка -5 степени, најтопло во Гевгелија и Куманово +6


Утринава најниски температури се измерени на Попова Шапка -5 степени Целзиусови и во Маврови Анови -1 степен, додека во повеќе градови низ земјата температурите се движеа околу нулата. Највисока температура од 6 степени е измерена во Гевгелија и Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во изминатите 24 часа најмногу врнежи од дожд се регистрирани во […]

Трамп укинува дел од царините за шкотското виски по средбата со Чарлс Трети


Вашингтон – Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека укинува одредени царини за шкотското виски по посетата на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила на Белата куќа оваа недела. „Кралот и кралицата ме натераа да направам нешто што никој друг не успеал, и тоа речиси без да побараат!“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Американскиот […]

Омерагиќ од Конгресот на ФИФА: Активно учествуваме во одлуките за светскиот фудбал


Висока делегација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), предводена од претседателот Масар Омерагиќ учествува денеска на 76. редовен Конгрес на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во канадскиот град Ванкувер. Во објава на социјалните мрежи, Омерагиќ посочи дека македонската делегација, во чиј состав се и генералниот секретар Леонид Јандреоски и спортскиот директор Горан Пандев, активно учествува во […]

Инфантино го покани Палестинецот да се ракува со Израелецот. Погледнете што се случи


Ванкувер – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, зборуваше за низа теми на Конгресот на Светската фудбалска федерација во Ванкувер, вклучувајќи ја и потврдата дека Иран ќе учествува на Светското првенство, кое започнува за месец и половина. Сепак, неговиот говор беше засенет од еден непријатен инцидент што се случи на сцената. Неуспешен повик за единство Инфантино […]

Истекува рокот што му дава на Трамп 60 дена да започне војна без одобрение од Конгресот


Закон од времето на Виетнамската војна што ги ограничува воените дејствија на претседателот на 60 дена, по што тој мора да побара одобрение од Конгресот за продолжување на непријателствата, истекува денес. Според Законот за воени овластувања од 1973 година, претседателите имаат 60 дена да започнат војна како одговор на непосредна закана или напад врз Соединетите […]

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со протест ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, на кој ќе побара повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, завчера на прес-конференција повика на масовна излезност, истакнувајќи дека работниците треба јасно да го изразат незадоволството од ниските примања, слабата заштита на работничките […]

Трамп ќе ги повлекува и американските трупи од Италија и Шпанија?


Вашингтон –Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека „веројатно“ би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија. Тој неодамна најави дека Вашингтон размислува и за намалување на бројот на војници во Германија. Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО дека не ги испратиле своите поморски сили за да помогнат во отворањето на Ормуска […]

Штрајк и протести во Грција по повод Денот на трудот


Атина – Со штрајкови и протести во Атина и други грчки градови, во Грција традиционални ќе се одбележи Денот на трудот, организирани од синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина. Грција денеска е без бродски и железнички сообраќај, а проблеми ќе има и во јавниот превоз, со оглед на […]

Жирито на Биеналето поднесе колективна оставка поради враќањето на Русите во Венеција


Сите членови на меѓународното жири на Венециското биенале  вчера поднесоа оставка во најновата ескалација на повеќемесечниот политички конфликт околу враќањето на Русија на престижниот меѓународен културен настан, воочи отварањето на 9 мај.  Оставката на сите членови на жирито поради конфликт со Фондацијата на Биеналето и италијанската влада околу прашањето за враќањето на Русија на овој […]

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните


По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, денеска дел од паркиралиштата со кои стопанисуваат ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ќе бидат бесплатни за сите граѓани. Редовно ќе се наплаќаат само затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“ кои се во надлежност на ЈП „Паркинзи“ […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија. Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе […]

Иран ќе настапи на Мундијалот, повтори Инфантино


Ванкувер – Иранската фудбалска репрезентација ќе учествува на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, потврди уште еднаш синоќа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во говорот на 76. редовен Конгрес во Ванкувер. „Секако, иранската репрезентација ќе учествува на Светското првенство. Морам да го кажам тоа, потврдувајќи уште еднаш за оние кои можеби сакаат да […]

Попустот на горивата продолжува до 18 мај, три денари пониска цена за дизелот, два денара за бензините


Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година. Станува збор за мерка со која се обезбедува намалување на малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото […]

Променливо облачно и посвежо, до 16 степени


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно и […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 1 мај 2026 година, 121-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  244 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 30 минути, а ќе зајде во 19 часот и 32 минути. Денов трае 14 часа и 2 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Во центарот на Лондон се појави нова скулптура на Бенкси


Лондон – Во центарот на Лондон се појави нова скулптура која му се припишува на британскиот анонимен уличен уметник Бенкси. Скулптурата, која прикажува маж во движење со знаме што му го покрива лицето, е поставена на постамент на „Ватерло плејс“ (Waterloo Place), во близина на трговскиот центар во центарот на Лондон. Уметничкото дело се појавило во […]