Градежниот и Економскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија со два германски универзитета


Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија потпишаа денеска Градежниот и Економскиот факултет со два германски универзитета од Северна Рајна-Вестфалија – TH Köln и FernUniversität Hagen. Како што беше речено, целта е размена на информации, студенти и професори, но и поддршка за унапредување на студиските програми во насока на создавање генерации кои ќе ги …

Градежниот и Економскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија со два германски универзитета Read More »

Перински се сретна со Азески: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија


 Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески на која биле отворени повеќе прашања, меѓу кои – локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции и дигитализацијата. Како што информира Кабинетот на Перински, станало збор за унапредување на соработката помеѓу Министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности …

Перински се сретна со Азески: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија Read More »

Јаневска: Од в година само електронски свидетелства


Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени. Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а …

Јаневска: Од в година само електронски свидетелства Read More »

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3


Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени …

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3 Read More »

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“


 Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на одбележувањето на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“. По тој повод, беа испратени честитки и пораки за поддршка …

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ Read More »

Од 1 јуни 64 корисници се сместуваат во најсовремениот Дом за стари лица во регионот – ПУСЗ Оаза на „Адора“


Лоцирана во Општина Илинден, Приватна установа за вон-семејна социјална заштита за стари лица „Оаза“  претставува најсовремен и најголем дом за стари лица во регионот, со капацитет од 150 корисници, а во прва фаза се започнува со 64 корисници. Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем …

Од 1 јуни 64 корисници се сместуваат во најсовремениот Дом за стари лица во регионот – ПУСЗ Оаза на „Адора“ Read More »

Ученици од Лескоец ќе го слават раѓањето на Ванчо Николески


Во пресрет на 114 годишнината од раѓањето на познатиот македонски романсиер, раскажувач и поет Ванчо Николески утре – четврток, библиотекари од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостуваат во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец. На учениците ќе им бидат презентирани интересни факти сврзани со животот и делото на Ванчо Николески кој е роден 1912 …

Ученици од Лескоец ќе го слават раѓањето на Ванчо Николески Read More »

Романтика, мистерија и убавините на Турција во новата мини серија: GoTürkiye ја претстави „Бајка од Кападокија“


Љубовните мини-серии стануваат сѐ позначајна алатка за промоција на туризмот и за презентирање на уникатните дестинации на Турција. Најновиот проект, „Бајка од Кападокија“, кој беше претставен неодамна и е достапен на дигиталните канали, веќе надмина 49,6 милиони импресии и 44,3 милиони прегледи за само 10 дена по објавувањето. Оваа мини-серија ја доловува волшебната атмосфера на …

Романтика, мистерија и убавините на Турција во новата мини серија: GoTürkiye ја претстави „Бајка од Кападокија“ Read More »

Исчезнаа брат и сестра од Варна: Веќе два дена нема трага од Катерина (12) и Кирил (11)


За 12-годишната Катерина Анова Татова и нејзиниот 11-годишен брат Кирил Анов Татов е издадена национална потерница во Варна. Нивните траги се изгубени во недела попладне. Децата последен пат биле видени во самиот центар на градот и можно е да не се движат заедно. – Катерина носи розови панталони, тексас јакна и бели патики. Девојчето има …

Исчезнаа брат и сестра од Варна: Веќе два дена нема трага од Катерина (12) и Кирил (11) Read More »

Уапсени двајца криумчари на мигранти од Косово, одреден им е притвор од 30 дена


На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги уапсиле А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово. Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., …

Уапсени двајца криумчари на мигранти од Косово, одреден им е притвор од 30 дена Read More »

Истражување: Половина од Грците не планираат да одат на одмор годинава


Само еден од двајца анкетирани планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката …

Истражување: Половина од Грците не планираат да одат на одмор годинава Read More »

Република Српска бара укинување на функцијата висок претставник на меѓународната заедница во БиХ


Парламентот на Република Српска, една од двете ентитетски единици во Босна и Херцеговина, усвои декларација со која се бара итно укинување на функцијата на високиот претставник на меѓународната заедница во земјата. Со Декларацијата предложена од претседателот на Парламентот Ненад Стевандиќ, Народното собрание на Република Српска упатува официјално барање до Советот за безбедност на ОН за …

Република Српска бара укинување на функцијата висок претставник на меѓународната заедница во БиХ Read More »

Реновирањето на старата „Комерцијална банка“ при крај – еве кои институции ќе се сместат таму


Директорот на СОЗР, Томовски посочи кои институции би биле сместени во овој објект, а кои во моментов плаќаат закупнина, со што ќе се заштедат пари, а ќе се обезбедат и подобри услови за вработените, во согласност со европските стандарди. Реновирањето на два дела од старатата зграда на Комерцијална Банка – Нов дел и Бисер – …

Реновирањето на старата „Комерцијална банка“ при крај – еве кои институции ќе се сместат таму Read More »

Колку чини замена на батеријата во Tesla Model Y: Француски таксист дознал на потешкиот начин


Ова е еден од најмалку познатите факти токму затоа што е многу ретко електричен автомобил да има потреба од целосна замена на батеријата. Токму ова му се случило на француски таксист чија батерија на Tesla Model Y откажала веднаш по истекот на гаранцијата. Еве колку го чинеше тоа. Откажувањето на батеријата на електричен автомобил е …

Колку чини замена на батеријата во Tesla Model Y: Француски таксист дознал на потешкиот начин Read More »

Повеќе од 500 авиони на „Американ ерлајнс“ ќе бидат опремени со сателитски интернет од „Старлинк“


Американската авиокомпанија American Airlines најави голема модернизација на својата флота, со план повеќе од 500 авиони да бидат опремени со сателитски интернет од Starlink, услугата на компанијата SpaceX. Според најавите, инсталацијата на новиот систем ќе започне следната година и ќе опфати голем број авиони од семејството „Ербас“, вклучувајќи го и модерниот A321neo. Целта е патниците …

Повеќе од 500 авиони на „Американ ерлајнс“ ќе бидат опремени со сателитски интернет од „Старлинк“ Read More »

Македонијатурист ги продава „Бристол“ и „Јадран“, купува парцела од 17,7 милиони евра во Ново Лисиче


Македонијатурист продава дел од своите познати објекти во Скопје, а паралелно инвестира во нова атрактивна локација во Општина Аеродром. Компанијата донела одлука да ги отуѓи хотелите „Бристол“ и „Јадран“, познат и како Арапска куќа, заедно со дополнителен недвижен имот во централното градско подрачје. Одлуката била усвоена на седница на Собранието на акционери одржана на 22 …

Македонијатурист ги продава „Бристол“ и „Јадран“, купува парцела од 17,7 милиони евра во Ново Лисиче Read More »

Руската армија ноќеска претретнала 140 украински беспилотни летала над своја територија


 Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати и уништени 140 украински беспилотни летала над повеќе руски региони. Според соопштението, дроновите биле соборени во периодот од 20:00 часот на 26 мај до 07:00 часот на 27 мај по московско време. Украинските беспилотни летала, како што наведуваат руските власти, биле уништени над …

Руската армија ноќеска претретнала 140 украински беспилотни летала над своја територија Read More »

Поранешниот канцелар Олаф Шолц категорично против соработка со крајно десничарската Алтернатива за Германија


Поранешниот германски канцелар, Олаф Шолц, ја отфрли можноста за формирање малцинска влада со поддршка од крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), предупредувајќи дека останатите партии треба да продолжат со нејзино политичко изолирање. Шолц изјави дека одредени конзервативни кругови сметаат дека во Германија постои мнозинство за спроведување десни политики, но нагласи дека таква политичка конфигурација …

Поранешниот канцелар Олаф Шолц категорично против соработка со крајно десничарската Алтернатива за Германија Read More »

Некој штотуку освои 120 милиони евра: Ги погоди сите седум броеви


  Извлечените броеви на вечерашното извлекување на Евроџекпот беа: 5, 11, 23, 33, 42 – 10, 12, што му даде на некого во Чешка џекпот 5+2 во вредност од 120.000.000 евра. Џекпотот 5+1 во ова коло вредеше нешто повеќе од 4 милиони евра, а го совпаднаа пет играчи. Најмалиот џекпот од 10,60 евра отиде во …

Некој штотуку освои 120 милиони евра: Ги погоди сите седум броеви Read More »

Португалската полиција разби голема мрежа на легализација на нелегални имигранти


Португалската полиција соопшти дека разбила криминална група одговорна за нелегално регулирање на статусот на околу 4.000 мигранти и уапсила двајца осомничени водачи. Полицијата соопшти дека операцијата „Земја на чудата“, спроведена на периферијата на Лисабон, била насочена кон криминална група вклучена во нелегална имиграција, фалсификување документи, компјутерски измами и перење пари. Построга имиграциска политика Се вели …

Португалската полиција разби голема мрежа на легализација на нелегални имигранти Read More »