Повеќе од седум часа утре делови од Скопско без струја


Фото: Б. Грданоски

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат повеќе делови од општина Петровец.

Од таму информираат дека без електрична енергија ќе останат селата Огњанци, Чифлик.Петровец(дел од селото), Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари лозја, Фазанерија пумпа, ЗИК Фазанеријас. Катлановско Блаце, Бадар, Кожле, Фазанерија Тотинци, Пумпа водовод Кожле и тунел Катланово.

Прекинот ќе трае во период од 08:15 до 15:15 часот.