СП 2026: Не очекував гол повторно во 90.минута изјави новиот херој на Шпанија
Репрезентацијата на Шпанија е вториот полуфиналист на Мундијалот откако ја совлада Белгија со 2:1, а јунак на „црвената фурија“ уште еднаш е Микел Мерино. Фудбалерот станува специјалист за голови во последните минути и носи победа на својата репрезентација.
– Искрено, од една страна, дури ни во моите најлуди соништа не можев да замислам дека ќе го направам она што се случува токму сега – сигурно не повторно во 90-тата минута кога топката падна директно до мене во шеснаесетникот. Но, од друга страна, би рекол да, бидејќи секогаш верувам дека можам да се снаоѓам добро секој пат кога ќе стапнам на теренот. Верувам дека топката ќе дојде до мене. Искрено, лудо е повторно да можам да му помогнам на тимот, овој пат на поинаков начин, но во исто време да верувам, да верувам дека противничкиот голман може да направи грешка и да останам буден. Значи, навистина сум среќен, изјави новиот шпански херој Мерино.
Шпанија во полуфиналето на 14.јули во Далас ќе игра против Франција.