Десет луѓе загинаа при пад на мал авион на Бахамски Острови
При пад на мал авион на Бахамски Острови загинаа десет луѓе.
Авионот се урна синоќа во Норт Андрос, западно од главниот град Насау. Сè уште не е објавен идентитетот на жртвите.
Премиерот на Бахами, Филип Брејв Дејвис изјави дека несреќата ја преживеа еден патник, но подоцна соопшти дека му подлегнал на повредите.
– Денешниот празник се претвори во ден на жалост истакна Дејвис.
Бахамски Острови вчера одбележуваа 53 години од независноста.