Заложничка драма во Берлин


Во главниот град на Германија, Берлин во тек е полициска акција за ослободување на жена која синоќа беше земена за заложник во еден супермаркет.

Жената е заробена синоќа околу 22 часот по локално време, но засега не е познат мотивот на киднаперот.

Инцидентот се случи во јужниот берлински кварт Мариенфелде.

Во моментот двајцата се во супермаркетот. Операцијата е во тек и во ова етапа не можам ништо повеќе да изјавам, наведе портпаролот на полицијата Штефан Петерсен-Шуман, за Германската новинска агенција (ДПА).