На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта


 Нова метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК) – современ пристап кој овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта и кога компјутеризираната томографија и магнетната резонанца не покажуваат промени, е презентирана вчера на Универзитетската клиника за урологија, објавија на Фејсбук од таа јавна здравствена установа. Особено значајни резултати, како што се наведува, се покажуваат кај …

На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта Read More »

Јордановска од Дино Баскет ќе учествува ФИБА камп во Турција


Младата кошаркарка од Кочани, Јана Јордановска, член на Баскет Дино доби значајно меѓународно признание откако беше избрана да биде дел од македонската репрезентација до 14 години на престижниот FIBA Youth Development Fund (YDF) камп што се одржува во Чанаккале, Турција. Кампот започна на 22 јуни и ќе трае  до 27 -ми. Таму се присутни најталентираните …

Јордановска од Дино Баскет ќе учествува ФИБА камп во Турција Read More »

Нови докази во случајот „Пулс“


 Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Досега, обвинителството презентираше докази за инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на …

Нови докази во случајот „Пулс“ Read More »

Се осветлува фудбалскиот стадион во Илинден


Општина Илинден продолжува со реализација на активностите за доградба и модернизација на фудбалскиот стадион во населба Илинден, со цел создавање современи услови за развој на спортот и организирање натпревари според највисоки стандарди. Во рамки на тековните градежни активности започна поставувањето на современ систем за осветлување со над 30 рефлектори, кој ќе овозможи одржување на тренинзи …

Се осветлува фудбалскиот стадион во Илинден Read More »

„Венецуела ве бара!“ – страница за исчезнати лица по земјотресот, пријавени се 9.000 лица


По силните земјотреси што ја погодија Венецуела, беше лансирана граѓанска платформа наречена „Venezuela Te Busca“ или „Венецуела ве бара“, за да помогне во пронаоѓањето на исчезнатите лица и повторно поврзување на семејствата. Платформата ја разви претприемачката Јулија Алесандра Маријано, која потврди за El Diario дека страницата е оперативна, иако имаше неколку проблеми поради големиот број …

„Венецуела ве бара!“ – страница за исчезнати лица по земјотресот, пријавени се 9.000 лица Read More »

За што се помоли Орце Ѓорѓиевски на Божјиот гроб во Ерусалим? (видео)


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, присуствува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, посветен на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и управувањето со кризни ситуации. Тој соопшти дека на настанот, на кој учествуваат претставници на градови, институции и компании од повеќе земји, се разменуваат искуства и современи решенија за поефикасно функционирање на …

За што се помоли Орце Ѓорѓиевски на Божјиот гроб во Ерусалим? (видео) Read More »

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра


Вчера околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама. Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка …

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра Read More »

ДЗР: Дури 65 отсто од нововработените во МЕПСО не ги исполнувале условите за вработување


АД МЕПСО Скопје остварува раст на приходите, но се соочува со сериозни слабости во управувањето со имотот, инвестициите и јавните средства, што директно влијае врз ефикасноста и развојот на електропреносниот систем. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско …

ДЗР: Дури 65 отсто од нововработените во МЕПСО не ги исполнувале условите за вработување Read More »

Објавено видео од земјотресот во хотелот од кој луѓето на Трамп управуваат со Венецуела


Венецуела е погодена од едни од најсилните земјотреси во нејзината историја, при што се урнаа згради во главниот град Каракас и загинаа најмалку 32 лица. Првиот земјотрес, со магнитуда од 7,1 степени, ја погоди областа во близина на крајбрежниот карипски град Морон во 18:05 часот по локално време во среда, околу 168 километри западно од …

Објавено видео од земјотресот во хотелот од кој луѓето на Трамп управуваат со Венецуела Read More »

Голем земјотрес регистриран и во Јапонија (Видео)


Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северна Јапонија. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами. Епицентарот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од 50 километри. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Нуклеарните централи и …

Голем земјотрес регистриран и во Јапонија (Видео) Read More »

Геофизичар за катастрофата во Венецуела: „Не е земјотресот тој што убива, туку лошите згради“


Бројот на жртви од катастрофалните земјотреси во Венецуела ќе биде директно поврзан со начинот на кој се изградени зградите во земјата, предупреди експерт за земјотреси. Геофизичарот Вилијам Јек од Американскиот геолошки завод (USGS) изјави за CNN дека двата последователни земјотреси веројатно предизвикале огромна штета бидејќи биле плитки и погодиле густо населени области. „Не е тресењето …

Геофизичар за катастрофата во Венецуела: „Не е земјотресот тој што убива, туку лошите згради“ Read More »

Роналдињо на 46-годишна возраст потпиша за Равена


 Бразилецот Роналдињо се врати на фудбалот на 46-годишна возраст и ќе настапува за италијанскиот третолигаш Равена, а договорот беше потпишан на голема церемонија одржана во Мајами. „Се враќам на фудбалот со истата насмевка. Едвај чекам повторно да играм фудбал и сакам да напишам нова, прекрасна приказна со Равена. Фудбалот отсекогаш ми носел среќа и радост, …

Роналдињо на 46-годишна возраст потпиша за Равена Read More »

Кошаркарите максимално се подготвуваат за дуелот со Ирска


Македонската машка кошаркарска репрезентација влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Пред избраниците на селекторот Жозе Мариа Берокал се дуелите со Ирска и Луксембург, од чии исходи ќе зависи конечната позиција на табелата во групата „А“. Македонската селекција е на чекор од обезбедување на …

Кошаркарите максимално се подготвуваат за дуелот со Ирска Read More »

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати


На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен пожар има во Штип каде што гори депонија, а под контрола е ставен пожар …

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати Read More »

Алиу: Во Брисел го потпишавме договорот за учество во EU4Health – европска поддршка за реформите во здравството


Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На свеченото потпишување, министерот Алиу истакна дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство …

Алиу: Во Брисел го потпишавме договорот за учество во EU4Health – европска поддршка за реформите во здравството Read More »

Тедрос: Температурите во Европа растат двојно побрзо од просекот, потребна е акција за климатските промени


 Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека температурите во Европа растат двојно побрзо од глобалниот просек, што бара забрзана акција за климатските промени, со што се зголемува веројатноста и интензитетот на екстремни топлотни бранови во иднина. Тој на платформата Икс напиша дека не можеме да си дозволиме понатамошни одложувања. …

Тедрос: Температурите во Европа растат двојно побрзо од просекот, потребна е акција за климатските промени Read More »

Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација


Со 58 гласа „против“ и 19 „за“, пратениците на денешната седница не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од опозициската Левица. На гласањето му претходеше расправа на која подносителите на интерпелацијата, но и пратениците на опозицискиот СДСМ, упатија критики на сметка на министерот за внатрешни работи, обвинувајќи дека …

Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација Read More »

Во Свети Николе и во Неготино над 1.300 заинтересирани да отворат бизнис со државни пари


Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година денес се одржаа во општините Свети Николе и Неготино. Пред жителите на општините Свети Николе и Неготино заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата …

Во Свети Николе и во Неготино над 1.300 заинтересирани да отворат бизнис со државни пари Read More »

Хакерски напад на Плитвице: Картичките се одбиваат, продавниците се затворени…


Во Националниот парк „Плитвички Eзера“, како што ни беше кажано, веќе три дена се случува „кибер инцидент“, кој предизвика големи тешкотии во работата. Управата на Националниот парк тврди дека клучните деловни процеси сè уште функционираат, но неофицијалните информации од вработените и гостите укажуваат на значително посериозни прекини на терен. Оние што се отворени прифаќаат само …

Хакерски напад на Плитвице: Картичките се одбиваат, продавниците се затворени… Read More »

МКС препорача разрешување на главниот обвинител Карим Кан


Надзорниот орган на Меѓународниот кривичен суд (МКС) заклучи дека главниот обвинител Карим Кан имал несоодветен сексуален однос со помлад член на персоналот и препорача негово разрешување, се наведува во документ до кој дојде Ројтерс. Ова е првпат деталите за одлуката за обвинувањата за недолично однесување поднесени од адвокат во 2024 година против Кан, 56-годишен британски …

МКС препорача разрешување на главниот обвинител Карим Кан Read More »