Премиерот Мицкоски и министерката Јаневска на увид на реконструкција на основно училиште во Битола


Училиштето во Битола што се реконструира

 

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование Весна Јаневска денеска дојдоа во Битола на увид на градежните работи за реконструкција и адаптација на ново подрачно основно училиште во населбата Буковски ливади. Според проектот предвидени се пет училници. Вкупната површина на објектот кој ќе биде нова училишна зграда е над 400 м2.

Градоначалникот Тони Коњановски изјави дека реконструкцијата на подрачното училиште „Коле Канински“ е на барање на жителите од населбата Буковски ливади и дека во оваа населба има деца кои треба да се школуваат блиску до својот дом. Во новото училиште ќе учат над 80 деца.

Вредноста на договорот е 31 милион денари, средства обезбедени од Владата преку Министерството за образование од т.н унгарски кредит. На објектот се работи и до крајот на годинава ќе биде градежно оспособен, рече градоначалникот Коњановски

Министерката Јаневска нагласи дека во Битола се спроведуваат 16 инфраструктурни објекти за подобро образование и добро е што има ученици за да се градат училиште. (А.Б)