Родители преку онлајн петиција бараат далечинска настава


Родители преку онлајн петиција, која досега ја потпишале 2000 граѓани, бараат учебната година од 1 септември да се одвива со далечинско учење, а ова барање особено се однесува на учениците од прво до петто одделение. Авторите на петицијата веќе упатиле и официјално барање до институциите за онлајн настава од 1 септември. Во петицијата се бара да …

Родители преку онлајн петиција бараат далечинска настава Read More »

Хоти бара од косовските безбедносни институции да се координираат со КФОР


Косовскиот премиер Авдулах Хоти на денешниот состанок со челниците на безбедносните институции побара нивна координација со меѓународните механизми, во прв ред со меѓуннародните трупи стационирани во Косово, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина. На состанокот, одржан преку видео-конференциска врска, учествувале министерот за внатрешни работи Агим Велиу, министерот за одбрана Антон Ќуни, директорот на агенцијата …

Хоти бара од косовските безбедносни институции да се координираат со КФОР Read More »

Атина ќе побара вонреден состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ


Шефот на грчката дипломатија да побара вонреден состанок на Советот за надворешни прашања на Европската унија, било одлучено на денешната средба на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министерот за надворешни работи Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е поради последните тензии во грчко-турските односи околу бродот „Оруч Рејс“ за кој Грција смета …

Атина ќе побара вонреден состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ Read More »

Од утре претежно сончево со дожд и грмежи попладне


Од утре следува период кога во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот. Минималната температура во следните три дена ќе биде од 12 до 22 степена, а максималната од 27 до 36 степени. УВ-индексот …

Од утре претежно сончево со дожд и грмежи попладне Read More »

Од Ковид-19 во Бугарија починаа 12, а 116 се новозаразени


Во изминатите 24 часа во соседна Бугарија од последиците од Ковид-19 починаа 12 пациенти. Потврдени се и нови 116 заразени со корона вирусот, пренесе БТА. На интензивна нега се 54 пациенти, а во Бугарија во моментот активи се 5.073 случаи со Ковид-19.

Германците планираат вакцината да ја тестираат во Бразил


  Германската фармацевтска компанија „Кјурвак“ планира својата вакцина против корона вирусот да ја тестира во Бразил. Инфектолотгот и член на истражувачкиот тим на компанијата, Сју Ен Клеменс, за ДПА вели дека компанијата во септември или октомври ќе започне со студија во Бразил. Раководителот на студијата Петер Кремснер од Институтот за тропска медицина рече дека досегашните …

Германците планираат вакцината да ја тестираат во Бразил Read More »

Повеќе од 900 здравствени работници починаа во САД од Ковид-19


Повеќе од 900 здравствени работници во САД починаа од „Ковид-19“, според базата на податоци „Lost on Frontline“, направена од „Гардијан“ и „Kaiser Health News“. Преку извештаите, социјалните мрежи, локалните медиуми и синдикатите, тим од повеќе од 50 новинари идентификуваа 922 медицински работници кои починале од „Ковид-19“. Новинарите ги проверуваа и испитуваа околностите на нивната смрт, …

Повеќе од 900 здравствени работници починаа во САД од Ковид-19 Read More »

АНСА: Зголемен прилив на мигранти низ балканската мигрантска рута


Последните информации за бројот на откриени мигранти и за инциденти во земјите од Балканот, укажуваат на зголемување на мигрантскиот прилив низ т.н. балканската рута и покрај кризата со КОВИД-19, оценува италијанската агенција АНСА. – Земјите во регионот бележат значително зголемување на приливот на бегалци и мигранти од Блискиот Исток и Централна Азија. Овој феномен предизвикува …

АНСА: Зголемен прилив на мигранти низ балканската мигрантска рута Read More »

(Видео) Пукање кај Белата куќа – Трамп евакуиран


  Тајната служба ја прекинаа конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го изведоа од собата за брифинзи, а новинарите можале да ја напуштат собата, откако се слушнало пукање во близина на Белата куќа. „Дојде до пукање пред Белата куќа“, рече Трамп, заблагодарувајќи се на брзата реакција на тајната служба, пренесе Си-ен-ен. „Се чувствувам многу …

(Видео) Пукање кај Белата куќа – Трамп евакуиран Read More »

Во последните 24 часа повеќе од 253.000 новозаразени со коронавирусот во светот


Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа се пријавени повеќе од 253.000 нови случаи на зараза, објави Светската здравствена организација. Во изминатите 24 часа од Ковид–19 починале речиси 6.000 луѓе, а вкупниот број на смртни случаи надмина 728.000. На прво место по бројот на заразени и починати се САД, а на второто …

Во последните 24 часа повеќе од 253.000 новозаразени со коронавирусот во светот Read More »

Во Чикаго најавен полициски час по немирите и грабежите


Полицијата во Чикаго ќе го ограничи пристапот до центарот на градот по ноќите насилство и грабежи, поради извештаите дека полицијата застрелала еден човек. Полицискиот началник Дејвид Браун изјави дека движењето ќе биде ограничено од 20:00 до 06:00 часот, а „големото полициско присуство“ ќе продолжи до понатамошно известување. Тој рече дека „срамното уништување“ е поттикнато од дезинформација …

Во Чикаго најавен полициски час по немирите и грабежите Read More »

Во Шведска забрзан пад на заразени во јули, епидемиолозите не знаат точно зошто


Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека од почетокот на јули дошло до забрзан пад на бројот на заразени лица со коронавирусот. – Но, зошто се случи точно во тоа време и зошто беше толку ненадејно, мислам дека е малку тешко тоа целосно да го сфатиме, рече Тегнел во интервју за шведскиот портал „Локал“. Тој додаде дека …

Во Шведска забрзан пад на заразени во јули, епидемиолозите не знаат точно зошто Read More »

Нови 109 случаи со корона вирус, но од 762 тестирања


Во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 20 -Куманово 16 -Штип 13 -Прилеп 1 -Тетово 3 -Струга 2 -Велес 4 -Битола 1 -Охрид 2 -Кавадарци 15 -Гостивар 10 -Гевгелија 1 -Радовиш 2 -Демир Хисар 1 -Македонски Брод 2 -Виница 3 -Свети Николе 5 -Кичево …

Нови 109 случаи со корона вирус, но од 762 тестирања Read More »

Антонио Бандерас позитивен на корона вирус


САД- Познатиот актер Антонио Бандерас објави денеска дека е позитивен на корона вирус. Бандерас на својот 60-ти роденден на социјалните мрежи соопшти дека е во карантин, дека се чувствува релативно добро и дека е само малку поуморен од вообичаено. Бандерас додава и дека времето додека зaздравува од болеста ќе го искористи за читање, пишување и …

Антонио Бандерас позитивен на корона вирус Read More »

Падна либанската влада


  Либанската влада поднесе оставка. Ова го потврди министерот за здравство Хамад Хасан. Неколку светски медиуми пишуваат дека либанската влада поднела оставка една недела по силната експлозија на бејрутското пристаниште во која загинаа повеќе од 200 луѓе. Министерот Хасан пред новинарите рече дека владата поднела оставка, а дека премиерот Хасан ДИаб ќе се упати во …

Падна либанската влада Read More »

И министерката за правда поднесе оставка по експлозијата во Бејрут


Министерката за правда на Либан, Мари-Клод Наџм денеска поднесе оставка. Таа е трет министер што поднесува оставка по експлозијата во бејрутското пристаниште, при што загинаа над 150 луѓе. Министерката за информации Манал Абдел Самад и министерот за животна средина Катар Демианос вчера поднесоа оставки. Истражен судија денеска почна да ги испитува директорите на безбедносните агенции …

И министерката за правда поднесе оставка по експлозијата во Бејрут Read More »

Премиер на ФБиХ: Згрешивме кога констатиравме победа над короната


Фадил Новалиќ, премиер на Федерацијата Босна и Херцеговина, по итната средба со премирите на кантоните во ФБиХ, оцени дека овој ентитет во БиХ во првите два и пол месеци одлично се справувал со пандемијата на коронавирус и оти од еден од најдобрите станал еден од најзагрозените региони. Појаснувајќи ја потребата од итен состанок, тој соопшти …

Премиер на ФБиХ: Згрешивме кога констатиравме победа над короната Read More »

На иста улица во Скопје нападнати двајца малолетници


  Во две одвоени пријави, МВР регистрира дека во центарот на Скопје биле нападнати двајца малолетници. Имено, ноќеска, половина час по почлноќ С.Ј.(42) од Скопје пријавила дека во неделата околу 23 часот на ул.„Народен фронт“ нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од В.Г. и уште неколку лица. Се работи на расчистување на случајот. Во 3.50 …

На иста улица во Скопје нападнати двајца малолетници Read More »

Фаучи: Вакцината против Ковид-19 нема да биде во целост делотворна


Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи смета дека вакцината против коронавирус нема да биде 100 проценти ефикасна. Според него, шансите за тоа се многу мали. – Не знаеме колку ќе биде ефикасна вакцината, дали ќе биде 50 или 60 проценти. Јас би сакал да биде ефикасна 75 проценти или повеќе, рече Фаучи во обраќањето на онлајн …

Фаучи: Вакцината против Ковид-19 нема да биде во целост делотворна Read More »

Денеска најмалку новозаболени во Србија од јуни


  Во последните 24 часа во Србија се спроведени 6.819 тестирања на корона вирус, а 163 се позитивни, или 2,4 отсто, јави Блиц. Тоа е најмал број од 25 јуни, кога беа забележани 137 случиа. Последното деноноќие починале пет пациетни. Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори се 107 пациенти …

Денеска најмалку новозаболени во Србија од јуни Read More »