(Видео) Пукање кај Белата куќа – Трамп евакуиран


 

Тајната служба ја прекинаа конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го изведоа од собата за брифинзи, а новинарите можале да ја напуштат собата, откако се слушнало пукање во близина на Белата куќа.

„Дојде до пукање пред Белата куќа“, рече Трамп, заблагодарувајќи се на брзата реакција на тајната служба, пренесе Си-ен-ен.

„Се чувствувам многу сигурно со тајната службa, тие се фантастични луѓе, работат најдобро што можат, високо обучени се“, рече Трамп пред новинарите.

Додаде дена не е сигурен колку блиску бил напаѓачот, но дека има доверба во тајната служба.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето од тајната служба на секогаш брзиот и ефикасен одговор. Дoјде до пукање, имено, и некој е пренесен во болница“, додаде Трамп.

Како што рече, се чини дека напаѓачот е застрелан токму од тајната служба, па ќе видиме што се случува.

Додаде дека не знае во каква состојба е лицето кое е застрелано.

Висок функционер од администрацијата рече дека напаѓачот е во притвор.

Инцидентот се случил на границата меѓу 17 улица и авенијата „Пенсилванија“, токму пред Белата куќа во близина на паркот „Лафиет“.

Според првите информации, едно лице е во болница, а не е познато во која состојба се наоѓа.