Во Чикаго најавен полициски час по немирите и грабежите

Полицијата во Чикаго ќе го ограничи пристапот до центарот на градот по ноќите насилство и грабежи, поради извештаите дека полицијата застрелала еден човек.

Полицискиот началник Дејвид Браун изјави дека движењето ќе биде ограничено од 20:00 до 06:00 часот, а „големото полициско присуство“ ќе продолжи до понатамошно известување. Тој рече дека „срамното уништување“ е поттикнато од дезинформација дека полицијата во неделата застрелала осомничен.

На видеа објавени на социјалните медиуми се гледаат стотици луѓе како ограбуваат и се судираат со полицијата.

Полицијата во Чикаго од понеделникот уапси повеќе од 100 лица за грабеж, нарушување на јавниот ред и напади врз полиција.

Полицијата пријавила и размена на оган со осомничени во раните утрински часови.

Градските власти привремено ги прекинаа транспортните услуги до центарот на градот и ги крена мостовите.

Официјални лица соопштија дека 13 полицајци биле повредени во текот на ноќта, меѓу кои еден бил погоден со шише, а еден цивил и еден полицаец биле ранети од огнено оружје.

Чикаго е еден од ретките американски градови каде употребата на оружје и убиства од неодамна е зголемена.

Најсмртоносен ден во последните 30 години беше во јуни.

(Видео) Хаос и масовен грабеж во Чикаго, на терен 400 полицајци, уапсени над 100 лица