Од утре претежно сончево со дожд и грмежи попладне

Фото: Б. Грданоски

Од утре следува период кога во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.

Минималната температура во следните три дена ќе биде од 12 до 22 степена, а максималната од 27 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8, односно 7.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.