Антонио Бандерас позитивен на корона вирус


САД- Познатиот актер Антонио Бандерас објави денеска дека е позитивен на корона вирус.

Бандерас на својот 60-ти роденден на социјалните мрежи соопшти дека е во карантин, дека се чувствува релативно добро и дека е само малку поуморен од вообичаено.

Бандерас додава и дека времето додека зaздравува од болеста ќе го искористи за читање, пишување и одмарање, наведува Си-ен-ен.