Германците планираат вакцината да ја тестираат во Бразил


 

Германската фармацевтска компанија „Кјурвак“ планира својата вакцина против корона вирусот да ја тестира во Бразил.

Инфектолотгот и член на истражувачкиот тим на компанијата, Сју Ен Клеменс, за ДПА вели дека компанијата во септември или октомври ќе започне со студија во Бразил.

Раководителот на студијата Петер Кремснер од Институтот за тропска медицина рече дека досегашните првични помали тестови во Германија поминале добро.

Инаку Бразил стана „лабораторија за тестирање“ за цел свет, затоа што и други компании како „Астра Зенека“, „Синовак“, и „Бионтех/Фицер“ почнаа тестирања во таа земја.

Покрај САД, Бразил во мементот е најголемо жариште на пандемијата од корона вирус во светот.