Од Ковид-19 во Бугарија починаа 12, а 116 се новозаразени


Во изминатите 24 часа во соседна Бугарија од последиците од Ковид-19 починаа 12 пациенти.

Потврдени се и нови 116 заразени со корона вирусот, пренесе БТА. На интензивна нега се 54 пациенти, а во Бугарија во моментот активи се 5.073 случаи со Ковид-19.