Со пари од Светска банка ќе се реконструираат улици во Карпош


Граѓаните од четирите улици во Карпош 1 и Карпош 2 „Иван Аговски“, „Гиго Михајловски“, „Мирка Гинова“ и „Шекспирова“ кои ќе бидат реконструирани со средства од Светска банка го прифатија овој проект и го оценија како позитивен и неопходен. Ова е ефектот од денешната јавна расправа која се одржа преку ZOOM платформата на која карпошани од …

Со пари од Светска банка ќе се реконструираат улици во Карпош Read More »

Предновогодишна „ЗОО Бајка” за најмалите


 Зоолошката градина во Скопје трета година по ред во пресрет на Новата година им приреди предновогодишна бајка за најмалите. Децата имаа можност да уживаат во детска претстава, и да добијаат неколку бесплатни подароци. Портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска истакна дека и оваа година се потрудиле да им приредат добра забава на најмалите со почитување …

Предновогодишна „ЗОО Бајка” за најмалите Read More »

Германскиот министер за здравство: Мерките нема да се ублажат за вакцинираните


Германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави дека е против олеснување на ограничувачките мерки за лицата вакцинирани против корона вирус. Инаку, вакцинацијата во Германија започна вчера. Според националниот план за вакцинација, усвоен на 18 декември, први во редовите за имунизација се лица над 80 години и здравствени работници за стари лица, како и медицински персонал …

Германскиот министер за здравство: Мерките нема да се ублажат за вакцинираните Read More »

Во БиХ 220 новозаразени со корона вирус, починаа 23 лица


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа заразени се уште 220 лица, а тестирани се вкупно 1.719 примероци. Починаа 23 лица позитивни на вирусот. Од тестираните 150 се во Федерацијата, 68 во Република Српска и двајца во Брчко. Досега од Ковид-19 во Федерацијата заболеле 70.829 лица, во РС 36.492 лица. Од денешните 23 …

Во БиХ 220 новозаразени со корона вирус, починаа 23 лица Read More »

Почина поранешниот митрополит Горазд


 По долго боледување утрово почина поранешниот владика Горазд, првиот митрополит на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. МПЦ-ОА соопшти дека вечното почивалиште на митрополитот ќе биде во манастирот „Св. пророк Илија“ во Чардак, а од 9 часот ќе се отслужат Заупокоена литургија и Опело во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. …

Почина поранешниот митрополит Горазд Read More »

Во Словенија само 517 новозаразени, но и малку тестирани


  Во Словенија во последните 24 часа намален е бројот новозаразени со корона вирусот, но тоа се должи и на помалиот број тестови. Потврдени се 517 нови случаи, а починале 33 лица. Тестирани се 1.664 примероци. Во моментот активни се 18.537, а просечниот број новозаразени дневно во последните сеудм дена изнесува 1.288. Во болница се …

Во Словенија само 517 новозаразени, но и малку тестирани Read More »

СЗО донираше медицинска опрема за Клиниката за неврологија


Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска од претставничката на Светската здравствена организација во Скопје, д-р Жихан Тавила, прими донација на медицинска опрема за Клиниката за неврологија. СЗО за Клиниката донираше 25 монитори за следење на виталните параметри на пациентите – пулс, притисок, ЕКГ, телесна температура, сатурација и број на респирации. 50 пулс оксиметри и …

СЗО донираше медицинска опрема за Клиниката за неврологија Read More »

Петровска: ДИЖС ќе го затвори „Пејпар мил“ ако продолжи да го загадува воздухот во Кочани


Државниот инспекторат за животна средина интензивно работи на спречување на загадувањето од фабриката „Пејпар мил“ во Кочани и доколку наскоро состојбите не се променат, можно е нејзино затворање, најави директорката на инспекторатот, Ана Петровска. При денешната работна посета на Кочани таа оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев, при што нагласи дека граѓаните воопшто не треба …

Петровска: ДИЖС ќе го затвори „Пејпар мил“ ако продолжи да го загадува воздухот во Кочани Read More »

Бензините и дизелот остануваат со иста цена


Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто. Новата малопродажна цена на Екстра лесното …

Бензините и дизелот остануваат со иста цена Read More »

Паркирањето во Центар на 31 декември ќе се наплаќа само до 15 часот


По повод претстојните новогодишни празници на 31.12.2020 година (четврток) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15 часот, катната гаража до 17 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15 часот. Традиционално токму на 31 декмеври сите сакаме да бидеме …

Паркирањето во Центар на 31 декември ќе се наплаќа само до 15 часот Read More »

Земјотрес со умерена јачина во Грција


  Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала денеска во 13.10 часот ги потресе регионите Ахаја и Етолија-Акарнанија, на западот на Грција. Според Геодинамичкиот институт за националната опсерваторија Атина, епицентарот на земјотресот бил на 13 киломтери источно и југоисточно од Нафпактос, на длабочина д 5 км, пренесе АНА. Засега нема информации за евентуални …

Земјотрес со умерена јачина во Грција Read More »

Вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од Западен Балкан во првиот квартал од 2021 година


Вакцинацијата против коронавирус во земјите од Западен Балкан ќе почне следната година, освен во Србија, каде веќе пристигнаа 4.875 дози од вакцината на Фајзер/Бионтек, што е доволно за вакцинирање на околу 2.400 лица, со оглед дека се неопходни по две дози по лице за стекнување имунитет. Официјален Белград очекува во јануари да добие уште околу …

Вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од Западен Балкан во првиот квартал од 2021 година Read More »

БиХ: Околу 3.000 мигранти престојуваат на отворено


Во Босна и Херцеговина најмалку 3.000 мигранти престојуваат на отворено во зимски услови, што може да се опише како хуманитарна катастрофа, предупреди денеска шефот на мисијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во земјата, Питер Ван дер Авераерт. Тој рече дека по пожарот и привременото затворање на кампот „Липа“ во околината на Бихаќ минатата недела, …

БиХ: Околу 3.000 мигранти престојуваат на отворено Read More »

ЕУ одобри 70 милиони евра за вакцини наменети за Западен Балкан


 Европската комисија усвои денеска пакет од 70 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2), како поддршка за пристап на партнерите од Западен Балкан до вакцини против Ковид-19, кои ги набавиле земјите членки на ЕУ. Пакетот ќе биде исплатен во облик на грантови, кои ќе помогнат да се покријат трошоците за вакцини …

ЕУ одобри 70 милиони евра за вакцини наменети за Западен Балкан Read More »

(Видео) Шилегов со големи планови за 2021 година – од трамвај до смарт сити


Градоначалникот Шилегов, на сите свои сограѓани им упати честитка за Новата 2021 година во која им пожели да им биде исполнета со многубројни моменти на среќа и благосостојба, како и здравје за нив заи нивните најмили, и им порача да ја дочекаат во празнично расположение во кругот на нивните најблиски. – Зад нас е уште …

(Видео) Шилегов со големи планови за 2021 година – од трамвај до смарт сити Read More »

Приведени осум членови на терористичка организација од Скопје и од Куманово


По спроведена повеќемесечна истрага, вчера се приведени осум лица за сторено кривично дело „терористичка организација“, соопшти МВР. – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координација со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за …

Приведени осум членови на терористичка организација од Скопје и од Куманово Read More »

Армијата засилена со 200 професионални војници, догодина со уште 250


Нови 200 професионални војници денеска се приклучија во редовите на Армијата на Република Северна Македонија, а министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која им посака добредојде во Армија која е членка на НАТО, најави дека првата половина од 2021 година ќе бидат дополнително примени уште 250 професионални војници. Таа информира дека 120 припадници на Армијата, за …

Армијата засилена со 200 професионални војници, догодина со уште 250 Read More »

Хоспитализирани вкупно 984 ковид-пациенти, има околу 320 слободни болнички кревети


Во  изминатите 24 часа е пријавено дека во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат 598 пациенти позитивни и сомнителни на коронвирусот, а заедно со хоспитализираните на инфективните оддели во главниот град вкупниот број е 984.   Има околу 320 празни болнички кревети за ковид-пациенти, но бројот е променлив зашто во текот на денот се …

Хоспитализирани вкупно 984 ковид-пациенти, има околу 320 слободни болнички кревети Read More »

ДИЖС го казни Пејпер Мил за загадувањето со 20.000 евра


Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска соопшти дека интензивно работи на спречување на загадувањето од Пејпер Мил – Кочани и оти инсистира на почитување на законите. Промените што ги правел инвеститорот не дале резултати и фирмата е казнета со 20.000 евра. – Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 4 ноември 2020 година, направени …

ДИЖС го казни Пејпер Мил за загадувањето со 20.000 евра Read More »

Нови 68 жртви на Ковид-19 во Хрватска, заразени уште 316 луѓе


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 316 нови случаи со корона вирусот, а активни се 8.036. Од нив 2.720 се на болничко лекување, а 256 пациенти се на репсиратор. ПОчинаа 68 пациенти, или вкупно 3.739 досега. Од почетокот на епидемијата досега во Хрватска од корона вирус се заразија 205.246 лица, а оздравеа …

Нови 68 жртви на Ковид-19 во Хрватска, заразени уште 316 луѓе Read More »