Земјотрес со умерена јачина во Грција


 

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала денеска во 13.10 часот ги потресе регионите Ахаја и Етолија-Акарнанија, на западот на Грција.

Според Геодинамичкиот институт за националната опсерваторија Атина, епицентарот на земјотресот бил на 13 киломтери источно и југоисточно од Нафпактос, на длабочина д 5 км, пренесе АНА.

Засега нема информации за евентуални жртви ниту причинета материјална штета.