Германскиот министер за здравство: Мерките нема да се ублажат за вакцинираните

Германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави дека е против олеснување на ограничувачките мерки за лицата вакцинирани против корона вирус.

Инаку, вакцинацијата во Германија започна вчера.

Според националниот план за вакцинација, усвоен на 18 декември, први во редовите за имунизација се лица над 80 години и здравствени работници за стари лица, како и медицински персонал од одделот за интензивна нега.

„ Некои имаат приоритет во вакцинацијата затоа што немаме доволно за секого. Оние кои не биле вакцинирани може да очекуваат дека оние што ја примиле дозата ќе се солидаризираат и нема да мислат дека повеќе нема да носат маска”, рече Спан.

Според него, Германија досега со пандемија се соочувала со солидарност во општеството, а во следните месеци ќе го стори истото, сè додека не се вакцинираат сите.

На почетокот на декември германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека властите се согласиле да ги засилат мерките за сузбивање на корона вирусот пред Божиќните празници до 10 јануари.