Во БиХ 220 новозаразени со корона вирус, починаа 23 лица


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа заразени се уште 220 лица, а тестирани се вкупно 1.719 примероци.

Починаа 23 лица позитивни на вирусот.

Од тестираните 150 се во Федерацијата, 68 во Република Српска и двајца во Брчко.

Досега од Ковид-19 во Федерацијата заболеле 70.829 лица, во РС 36.492 лица.

Од денешните 23 жртви девет се во Федерацијата или вкупно 2.124, во РС 14 или вкупно 1.727.