Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од две повозрасни лица


Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од две повозрасни лица, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Додевски појасни дека инцидентот бил пријавен завчера во 21 часот во Полициската станица Кавадарци, а се случил ден претходно. Пријавителот има 34 години, а лицата кои ги пријавил дека физички го нападнале, се на 57 …

Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од две повозрасни лица Read More »

Во Германија во последните 24 часа има нови 590 жртви на корона вирусот


Во Германија во последните 24 часа се регистрирани 590 смртни случаи од корона вирус, што е најголема бројка на дневна основа, додека истовремено пријавени се 20.815 нови случаи на заразени, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“. Во неколку германски држави, вклучувајќи ги Саксонија и Баварија, се оди кон натамошни мерки за затворање. Германските власти вчера предупредија …

Во Германија во последните 24 часа има нови 590 жртви на корона вирусот Read More »

Спејс-Икс прекина тест-лансирање на една секунда пред полетувањето


Спејс-Икс го прекина тест-лансирањето на прототип на „Старшип“ вселенски брод, само една секунда пред полетувањето. Американската компанија имаше планирано пробен лет на нивно летало од „следната генерација“ на „Старшип“. Целта беше да се достигне 12,5 километри височина над погонот во Бока Чика, Тексас, САД, а потоа тоа да се врати на земјата. Исто така, намерата …

Спејс-Икс прекина тест-лансирање на една секунда пред полетувањето Read More »

Заев: Мораме да ја сузбиеме корупцијата, секој од нас, со свој придонес


 Денеска е Меѓународен ден за борба против корупцијата, ден кој нѐ потсетува дека корупцијата и политичките злоупотреби се најголеми непријатели на граѓаните и на владеењето на правото. Корупцијата ги краде парите на граѓаните, ја руши правната држава, ги слабее институциите и ја загрозува демократијата, создавајќи недоверба меѓу граѓаните. Ова денеска го напиша премиерот Зоран Заев …

Заев: Мораме да ја сузбиеме корупцијата, секој од нас, со свој придонес Read More »

Калфин: Бугарија губи во ситуацијата со С. Македонија, а други земји ја користат како изговор


Бугарија е губитник во сегашната ситуација и ќе остане запишана во историјата како земја што ги запре преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, иако сакаше да биде лидер и да го води процесот на евроинтеграција на Западен Балкан, оценува поранешниот бугарски министер за надворешни работи Ивајло Калфин. Во изјава за БНТ, …

Калфин: Бугарија губи во ситуацијата со С. Македонија, а други земји ја користат како изговор Read More »

Коалиција Маргини поднесе тужба заради дискриминаторска содржина во факултетски учебник


 Тужба за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, што се користи во наставната програма на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје поднесе невладината Коалиција Маргини заедно со Мрежата за заштита од дискриминација. Обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето …

Коалиција Маргини поднесе тужба заради дискриминаторска содржина во факултетски учебник Read More »

Кањонот Матка да стане споменик на природата


Советниците на Град Скопје, денеска ќе го разгледуваат и предлогот за прогласување на заштитениот локалитет „Кањон Матка“ за споменик на природата. Советот на Град Скопје му предлага на Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе постапка за ревалоризација и прогласување на заштитениот локалитет на подрачјето на Град Скопје „Кањон Матка“ за споменик на …

Кањонот Матка да стане споменик на природата Read More »

Третата фаза покажа дека вакцината на Универзитетот Оксфорд е ефикасна


  Резултатите од прелиминарната анализа на третата фаза од испитувањата која ја спроведе Универзитетот Оксфорд за вакцината AZD1222 покажаа дека вакцината е безбедна и делотворна во превенција на симтоматската болест Ковид-19 и дека штити од потешки облици и хоспитализирање. Досега објавените податоци за безбедност на вакцината се однесуваат на повеќе од 20.000 учесници во четири …

Третата фаза покажа дека вакцината на Универзитетот Оксфорд е ефикасна Read More »

ОН: Во светот има рекордни 80 милиони раселени лица


Кон средината на 2020 година, во екот на пандемијата на  коронавирусот, бројот на бегалци и раселени лица во светот надмина 80 милиони, што е најголем досега, соопштија Обединетите нации. Високиот комесар за бегалци на ОН, Филио Гранди изрази жалење што светот го достигна тој „мрачен граничник“ и предупреди дека ситуацијата ќе се влоши доколку „светските …

ОН: Во светот има рекордни 80 милиони раселени лица Read More »

Венеција под вода – конечно активиран одбранбениот систем за поплави


  Системот, кој би треба да ја заштити Венеција од поплави, беше активиран синоќа во 3 часот по локално време, откако вчера не успеа да се вклучи, јави ААФ, цитирајќи ја италијанската агенција АНСА. Вчера попладне, откако невреме со поројни дождови погоди голем дел од Италија, нивото на водата во Венеција достигна 138 сантиметри, но …

Венеција под вода – конечно активиран одбранбениот систем за поплави Read More »

Кој ќе ја прими руската вакцина не треба да пие алкохол два месеца


Луѓето кои ќе ја примат руската вакцина против Ковид-19, спутник V, мора два месеца да се воздржат од пиење алкохол, изјави шефицата на службата за заштита на потрошувачите, Ана Попова. Инструкциите следат откако заменичката на премиерот Татјана Голикова изјави дека граѓаните треба да избегнуваат алкохол и имуносупресиви 42 дена, затоа што вакцината се прима во …

Кој ќе ја прими руската вакцина не треба да пие алкохол два месеца Read More »

Голем пораст на новозаболени во Франција


  Во последните 24 часа во Франција евидентиран е пораст на бројот новозаразени со Ковид-19 или 13.713, во споредба со 3.411 или 8.083 минатиот вторник. Бројот на пациенти на интензивна падна на 3.088, но и понатаму недоволно за да се стекнат услови за попуштање на мерките кои ги постави претседателот Емануел Макрон, а тоа е …

Голем пораст на новозаболени во Франција Read More »

Пендаровски прв би се вакцинирал


Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Сител рече дека сакал тој прв да ја прими вакцината против Ковид-19. -Јас би сакал да бидам прв што ќе ја прими вакцината кај нас. Не затоа што сакам прв да се заштитам, бидејќи кај мене се влегува со строги протоколи, туку само за да ја кренеме …

Пендаровски прв би се вакцинирал Read More »

Пендаровски: Сакаме решение, но ако Бугарија оди со остра реторика договор ќе нема


Ветото на Бугарија не е ништо ново. Имаме уште два дена, кога е состанокот на шефовите на држави и влади во Брисел, но досега нема пробив во разговорите на работните групи на двете министерства, изјави шефот на државата Стево Пендаровски. „Јас не би рекол дека ова е нешто ново. Станува збор за едно вето да …

Пендаровски: Сакаме решение, но ако Бугарија оди со остра реторика договор ќе нема Read More »

Уште 28 пациенти починаа од Ковид-19, новозаразени се 1.120


Во последните 24 часа се направени 2.993 тестирања, а регистрирани се 1.120 нови случаи на Ковид-19 во:   -Скопје 507 -Куманово 60 -Штип 30 -Прилеп 52 -Тетово 37 -Струга 35 -Велес 31 -Битола 36 -Охрид 49 -Кавадарци 33 -Гостивар 56 -Гевгелија 8 -Струмица 43 -Крива Паланка 6 -Радовиш 10 -Крушево 3 -Кочани 16 -Пробиштип 2 …

Уште 28 пациенти починаа од Ковид-19, новозаразени се 1.120 Read More »

Шест осомничени и запленети 2 тона дрога по вчерашната акција во Арачиново


По вчерашната голема акција на полицијата за пронаоѓање на урадената марихуана од скад во Јосифово, Валандовско, полицијата соопшти дека имаат шестмина осомничени, од кои дел се во притвор, а исто така пронајдена е и дел од дрогата. – МВР во координација со јавното обвинителство во текот на вчерашниот и денешниот ден презема низа мерки и …

Шест осомничени и запленети 2 тона дрога по вчерашната акција во Арачиново Read More »

Во Грција 1.382 нови случаи на Ковид-19 и 102 починати


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.382 нови случаи на Ковид-19, а починаа 102 лица, со што бројот на заразени се зголеми на 118.045, а на починати на 3.194 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи 303 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 283 во Солун, а останатите …

Во Грција 1.382 нови случаи на Ковид-19 и 102 починати Read More »

Во Албанија 753 новозаразени и 14 починати од Ковид-19


Продолжува неповолната епидемиолошка состојба со Ковид-19 во Албанија, каде во изминатото деноноќие опасниот вирус е дијагностциран кај 753 лица, а како последица од него починале 14 пациенти. – Во изминатите 24 часа беа тестирани 2.532 сомнителни случаи при што опасниот вирус е дијагностициран кај 753, што е 29,7 отсто од тестираните. Најголем број од новозаразените …

Во Албанија 753 новозаразени и 14 починати од Ковид-19 Read More »

Се зголемува транспарентноста на власта


Во согласност со политиките за отчетност и транспарентност, на вчерашната седница Владата донесе одлука да ги задолжи сите државни институции, јавните претпријатија основани од неа, акционерските друштва во државна сопственост, и другите кои одговараат пред неа, во рок од 30 дена на своите веб-страници да ги објават документите и информациите наведени во членот 10 од …

Се зголемува транспарентноста на власта Read More »