д-р Даниловски: Веројатно сезонски ќе треба да се вакцинираме против Ковид-19


 

Д-р Драган Даниловски смета дека против Ковид-19 ќе треба да се вакцинираме сезонски.

Тој, за ТВ 24, вели дека се уште не е доволно истражено, но овој вирус така се однесува.

Сепак, додава дека, лице што прележало корона вирус, нема потреба да се вакцинира.

– Има еден став, кај оние кои прележале корона вирус, без разлика дали развиле имунитет, треба да се почека три месеци пред да се вакцинира.

Даниловски смета дека 830.000 дози вакцина за Македонија се сосема доволни, во однос на бројот на население, за да се стави под контрола вирусот.