Независната новинарка Занг Зан осудена е на четири години затвор затоа што известувала во екот на почетокот на избивањето на корона вирусот во кинески Вухан.
Властите сметаат дека со известувањето придонела за ширењр паника и предизвикување кавги.
Занг Зен во февруари допатувала во кинескиот град Вухан за да известува за избивањето и ширењето на Ковид-19, а тоа било во време кога кинеските власти се обидуваа да го сопрат влијанието на приватните и државните медуми.
Потоа во мај таа во потполност се повлекува, но подоцна е идентификувана во Шангај каде ја пронашле и ја уапсиле.
Обвинета е за кривично дело наметнување кавга и предизвикување неволји, кои обично се користат за целење кон новинарите и активистите за човекови права.
Занг е прва новинарка за која е познато дека е осудена поради својата улога во известувањето за пандемијата на корона вирус, пишува Си-ен-ен.