БиХ: Возел пијан без дозвола, има речиси 5.000 евра казни

 

Полицијата во Бања Лука, Босна и Херцеговина одзела возило на лице од Бања Лука, кое управувало со автомобил без положен возачки испит, а при алкотестирањето утврдено е дека во крвта има 1,09 промили алкохол во крвта.

Со проверка на службената евиденција, утврдено е дека има долг во регистарот на парични казни од 10.676 конвертибилни марки (околу 5.000 евра).

Против него ќе следува прекршочна постапка.

Мажот управувал со „ауди Це4“.