Маж исчезнал додека со џип се обидувал да помине надојдена река во демиркаписко Дрен


Маж исчезнал додека со џип се обидувал да помине надојдена река во демиркаписко Дрен, а по него се трага, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
 
Тој не можеше засега да даде повеќе детали, само кусо посочи дека полиција и јавен обвинител биле на лице место.