Нови 68 жртви на Ковид-19 во Хрватска, заразени уште 316 луѓе

 

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 316 нови случаи со корона вирусот, а активни се 8.036.

Од нив 2.720 се на болничко лекување, а 256 пациенти се на репсиратор.

ПОчинаа 68 пациенти, или вкупно 3.739 досега.

Од почетокот на епидемијата досега во Хрватска од корона вирус се заразија 205.246 лица, а оздравеа 193.471.

Тестирани се 996.935 примероци, а 2.642 во последните 24 часа.