Предновогодишна „ЗОО Бајка” за најмалите

 Зоолошката градина во Скопје трета година по ред во пресрет на Новата година им приреди предновогодишна бајка за најмалите. Децата имаа можност да уживаат во детска претстава, и да добијаат неколку бесплатни подароци.

Портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска истакна дека и оваа година се потрудиле да им приредат добра забава на најмалите со почитување на протоклите. Со тоа што на децата им овозможиле да гледаат мини претстава со јунаците на Дизни, да добијаат бесплатни поклони, како и да го поздрават Дедо Мраз кој пристигна на „волшебно вовче“ .

– Дечињата се многу среќни бидејќи дојдоа да се дружат со дедо мраз, но сега на дистанца, за жал такви се околностите оваа година. Се надевам дека следната година ќе се дружиме онака како што треба за сите дечиња, денеска има бесплатни подароци од нашите пријатели на золошката градина и мислам дека тоа е она што најмногу ги израдува дечињата, изјави Мицковска.

Таа ја искористи приликата да соопшти дека Зоолошката градиба оваа година е побогата со неколку нови животни кои се вистинска атракција за посетителите.

– Иако бевме во состојба на пандемија нашите активности не запреа за првпат добивме фламинга, пингвини, двогрбни камили алпаки и други животни кои сега се омилени на сите посетители.

За крај Мицковска додаде дека работат на подобрување на сите живеалишта и на тоа зоолошката да ја направат налик на другите европски зоолошки.