(Фото) Уживајте во последната полна месечина за годинава


Декември нѝ донесе многу неверојатни небесни настани, но има уште една глетка што ќе сакате да ја фатите пред да се збогувате со 2020 година. Вечерва може да ја видите последната полна месечина за 2020 година и тоа е прилично посебно. Не само што е последната полна месечина на годината, туку е позната и по …

(Фото) Уживајте во последната полна месечина за годинава Read More »

САД: Избегна смртна казна, почина од Ковид-19


  Затвореник избегна смртна казна во 2009 година, а почина од компликации предизвикани од корона вирсуот. Како што вели службеник што работи во затворот каде осуденикот служел робија, се работи за Ромел Брум (64), за кого се сомневале дека боледува од Ковид-19 и бил на затворската корона листа, пренесе Гардијан. Брум бил осуден на смерт …

САД: Избегна смртна казна, почина од Ковид-19 Read More »

ЦГK: 15 директори на државни претпријатија треба да бидат разрешени


Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), се наведува дека се исполнети услови за разрешување на 15 директори на јавни претпријатија. „9 државни претпријатија немаат објавено ниту еден извештај со показатели за финансиското работење на своите веб-страници, а други 6 претпријатија го немаат објавено последниот квартален извештај за периодот јули-септември, покажува последното истражување на …

ЦГK: 15 директори на државни претпријатија треба да бидат разрешени Read More »

Во Велика Британија рекорден број на новозаразени со корона вирусот


 Велика Британија денеска регистрира најголем број на нови случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, односно 53.135 новозаразени. Ова е голем скок од вчера кога имало 41.358 нови случаи, според Министерството за здравство. Од последниот пресек починале 414 лица, што е исто така зголемување во споредба со вчера, кога починаа 357 луѓе.

Двајца ученици избркани од средното „Владо Тасевски“ поради сексуални навреди кон професорка


Скандалозни сексуални навреди упатени од ученик кон професорка, доведоа до бркање на две млади момчиња од средното скопско училиште Владо Тасевски – ПТТ . Еден од учениците, незадоволен што треба да вклучи камера при испрашување, почнува да упатува навреди кон професорка, која пак решава да му стави единица за полугодие и да го пријави случајот …

Двајца ученици избркани од средното „Владо Тасевски“ поради сексуални навреди кон професорка Read More »

Во новиот состав на американски Конгрес ќе има рекордни 141 жена


Во новиот состав на американскииот Конгрес – 117. по ред, што ќе почне со својата работа во јануари, ќе има рекорден број жени – 141, од кои 105 се од редовите на Демократската партија, а 36 од Републиканската партија. На овој начин е урнат претходниот рекорд од последното, 116-то свикување на Конгресот, кога имаше 127 …

Во новиот состав на американски Конгрес ќе има рекордни 141 жена Read More »

Фаучи: Се надевам дека нема да имаме по 800.000 новозаразени на ден


Бројот на смртни случаи од корона вирусот во САД во јануари може да го надмине бројот од декември, предупреди денеска водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи, изразувајќи надеж дека САД нема да имаат 800.000 заразени на ден. Фаучи рече дека Американците не ги слушале експертите да не патуваат за време на празниците, што ќе има последици. …

Фаучи: Се надевам дека нема да имаме по 800.000 новозаразени на ден Read More »

Земјотрес во северна Италија, се затресе и Хрватска


Земјотрес со јачина од 4,5 степени попладенво ја погоди северна Италија. Потресот се почувствувал и во Хрватска, од Истра до Задар. Епицентарот на земјотресот бил 22 километри од Верона. Наскоро следуваат повеќе детали.

Најмалку седум жртви во земјотресот во Хрватска


Хрватска– Најмалку седум лица загинаа во земјотресот што денеска ја погоди Хрватска. Во Петриња загина 13-годишно девојче, додека во селото Мајске Пољане во Глина загинале уште четири лица. Во Петриња куче најде жена под урнатините и нејзиното спасување е во тек. По затрупани луѓе се трага на уште три други локации, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут, …

Најмалку седум жртви во земјотресот во Хрватска Read More »

ЕУ нарачува дополнителни 100 милиони дози од вакцината на „Фајзер“


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти дека Унијата ќе купи дополнителни 100 милиони дози од вакцината против Ковид-19 од компаниите „Фајзер„ и„БиоНТек“. „Значи, ќе имаме 300 милиони дози од оваа вакцина, што е оценета како безбедна и ефикасна“, напиша Фон дер Лајен на својот профил на Твитер. Вакцината на компаниите „Фајзер“ …

ЕУ нарачува дополнителни 100 милиони дози од вакцината на „Фајзер“ Read More »

Лондон: Првата вакцинирана жена ја прими и втората доза


 Првата личност во светот што ја прими вакцината на Фајзер против коронавирусот, Британката Маргарет Кинан, ја прими и втората доза, јави Би-Би-Си. Болницата во Ковентри потврди дека Кинан ја примила втората доза, 21 ден по првата. Професорот Енди Харди од Универзитетот во Ковентри изјави дека целиот тим е воодушевен што „Маргарет безбедно ја примила втората доза од …

Лондон: Првата вакцинирана жена ја прими и втората доза Read More »

Аргентина прва во Латинска Америка ја користи руската вакцина „Спутник V“


 Аргентина денеска со руската вакцина „Спутник V“ ја почна вакцинацијата на населението против коронавирусот и со тоа стана првата држава од Латинска Америка што ја користи оваа вакцина. Вакцинацијата почна истовремено во цела Аргентина, а притоа предност добија здравствените работници. Министерството за здравство најави дека прво треба да се вакцинираат најзагрозените групи. Аргентина е четврта …

Аргентина прва во Латинска Америка ја користи руската вакцина „Спутник V“ Read More »

Нема повредени македонски државјани по земјотресот во Хрватска


Засега нема информации за повредени македонски државјани по земјотресот во Хрватска. Министерствата за надворешни работи при двете земји се во постојана комуникација по денешниот силен разорен земјотрес кој ја погоди Хрватска. По земјотресот во Хрватска телефонските врски беа во прекин, а делови од земјата се и без електрична енергија.    

ЕМА: Дозволата за оксфордската вакцина не е можна во јануари


 Европската агенција за лекови (ЕМА) нема да може во јануари да ја одобри вакцината за коронавирус на универзитететот во Оксфорд и на компанијата „АстраЗенека“, изјави денеска извршниот директор Ноел Ватион. Витион за белгискиот весник „Хет Њузблат“ изјави дека производителите се уште не поднеле барање за лиценца до Европската агенција за лекови, која добила само некои …

ЕМА: Дозволата за оксфордската вакцина не е можна во јануари Read More »

Проект на УСАИД: Се подобрува перцепцијата за бизнис климата, но се уште е на ниско ниво


Перцепцијата за бизнис климата е на ниско ниво и покрај тоа што бележи подобрување. Подобрување бележи и поддршката од страна на државата, но се уште е само 26 отсто, сепак ситуацијата е подобра во споредба со другите држави од Западен Балкан и кај нас на 55 отсто е порасната перцепцијата дека деловната клима е иста …

Проект на УСАИД: Се подобрува перцепцијата за бизнис климата, но се уште е на ниско ниво Read More »

Јовески до шефовите на јавните обвинителства: Нападите на нашата работа земете ги како поттик за уште поголемо и професионално ангажирање


Дражниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска одржа дигитална предновогодишна средба со шефовите на обвинителствата, на која како што информираат од неговиот кабинет, ги охрабрил да постапуваат согласно законот, да водат сметка за одговорноста, професионалноста и особено за транспарентноста на Обвинителството. Од почеток на пандемијата, посочи Јовески, сменет е начинот на работа, со минимално присуство и …

Јовески до шефовите на јавните обвинителства: Нападите на нашата работа земете ги како поттик за уште поголемо и професионално ангажирање Read More »

Цакај поднесе оставка од функцијата министер за Европа и надворешни работи на Албанија


Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај денеска поднесе оставка. Тој веста ја објави на својот профил на Твитер, без да ги наведе причините за својата оставка. „На премиерот Еди Рама му ја предадов оставката од должноста овластен министер за Европа и надворешни работи. Тоа беше сѐ, мои пријатели, од различни причини“, напиша …

Цакај поднесе оставка од функцијата министер за Европа и надворешни работи на Албанија Read More »

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ со 26 амандмани на предлог-законот за попис


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе 26 амандмани на законот за попис, што според нив се суштински амандмани, а ќе ги аргументираат за време на расправата. – Со загриженост ги следиме настаните затоа што во јавноста се бара оправдување за да се избегнат некои од барањата кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ по однос на ова статистичка операција …

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ со 26 амандмани на предлог-законот за попис Read More »

Промовирана нова е-мапа за лоцирање на загадувачи на животната средина


Со новата електронска мапа на загадувачи, односно потенцијални загадувачи, конечно ќе падне илузијата дека во државава загадуваат домаќинствата, а дека индустријата е совршено еколошки прилагодена. Ова беше истакнато на денешната презентација на е-мапата за лоцирање на моментални и потенцијални загадувачи на животната средина, изработена од Зелениот институт, а во соработка со Државниот инспекторат за животна …

Промовирана нова е-мапа за лоцирање на загадувачи на животната средина Read More »

(Видео) Вториот потрес во Петриња снимен додека новинар се јавува во живо


Додека новинарот на „Ал Џезира“ во живо известува по земјотресот во Петриња, Хрватска, уште еден потрес се случува.  Погледнете го видеото: Половина Петриња е уништена, изјави денеска градоначалникот Даринко Думбовиќ по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди градот околу 12,20 часот и притоа побара испраќање итна помош. -Извлекуваме …

(Видео) Вториот потрес во Петриња снимен додека новинар се јавува во живо Read More »