Во Велика Британија рекорден број на новозаразени со корона вирусот

 Велика Британија денеска регистрира најголем број на нови случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, односно 53.135 новозаразени.

Ова е голем скок од вчера кога имало 41.358 нови случаи, според Министерството за здравство.

Од последниот пресек починале 414 лица, што е исто така зголемување во споредба со вчера, кога починаа 357 луѓе.