(Фото) Уживајте во последната полна месечина за годинава

Фото: Б. Грданоски

Декември нѝ донесе многу неверојатни небесни настани, но има уште една глетка што ќе сакате да ја фатите пред да се збогувате со 2020 година.

Вечерва може да ја видите последната полна месечина за 2020 година и тоа е прилично посебно.

Не само што е последната полна месечина на годината, туку е позната и по својата висока траекторија низ небото, што значи дека ќе остане над хоризонтот подолго од која било друга полна месечина.

Месечината ќе достигне врвно осветлување во 22.30 часот, но таа се гледаше и непосредно пред зајдисонце.

Нашиот фотограф Борис Грданоски успеа да ја `улови`убавината на вечерашната полна месечина.

Погледнете!

 

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски