Цакај поднесе оставка од функцијата министер за Европа и надворешни работи на Албанија


Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај денеска поднесе оставка. Тој веста ја објави на својот профил на Твитер, без да ги наведе причините за својата оставка.

„На премиерот Еди Рама му ја предадов оставката од должноста овластен министер за Европа и надворешни работи. Тоа беше сѐ, мои пријатели, од различни причини“, напиша Цакај и им се заблагодари на сите за соработката.

Тој напиша дека заминува со благодарност што имал „можност и чест да ѝ служи на Албанија и нејзините големи луѓе“.

Цакај е по потекло е од Косово, а на оваа функција го замени Дитмир Бушати. Поради несогласувањето на претседателот Илир Мета да ја потпише уредбата за него како министер премиерот Рама ја презеде оваа функција, а Цакај го наименува за овластен министер.

Во владата на Рама, Цакај (30) дојде заедно со Косовката Беса Шахини, која од функцијата министер за обрзование, млади и спорт се повлече во септември.

Според медумите во текот на денов Рама се очекува да го соопшти името на новиот шеф на дипломатијата.