(Видео) Вториот потрес во Петриња снимен додека новинар се јавува во живо


Додека новинарот на „Ал Џезира“ во живо известува по земјотресот во Петриња, Хрватска, уште еден потрес се случува. 

Погледнете го видеото:

Половина Петриња е уништена, изјави денеска градоначалникот Даринко Думбовиќ по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди градот околу 12,20 часот и притоа побара испраќање итна помош.

-Извлекуваме луѓе од автомобили, не знаеме дали има мртви или ранети. Слушнав и дека се урнала градинка, но за среќа во неа немаше деца, додека во друга децата успеале да се спасат, рече Думбовиќ во својата прва изјава по земјотресот, пренесе Хина.

Думбовиќ додаде дека во градот владее општа паника и дека луѓето ги бараат своите најблиски.

Тој го повика секој еден кој може да дојде да помогне во Петриња, особено професионалните пожарникари и армијата.

Премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ ја посетија Петриња, од каде дадоа ветување дека градот ќе биде повторно изграден со пари од Европската Унија.

– Градот ќе го изградиме, но шокот, вознемиреноста на народот, психичките последици остануваат – рече Милановиќ.

Тој се слушнал и со градоначалничката на Сисак, која била видно вознемирена. 

Во Петриња пристигнаа 300 војници со механизација, потоа претставници на Црвениот крст, пожарникари и други служби за спасување и помош. Се планира луѓето кои останаа без покрив над главата да бидат сместени во други објекти, а Црвениот крст ќе подигне и шатори.

Вознемирувачки се повиците на испаничените луѓе. Неутешно викаат и не можат да се помират со судбината што ги снајде пред Нова година.