САД: Избегна смртна казна, почина од Ковид-19


 

Затвореник избегна смртна казна во 2009 година, а почина од компликации предизвикани од корона вирсуот.

Како што вели службеник што работи во затворот каде осуденикот служел робија, се работи за Ромел Брум (64), за кого се сомневале дека боледува од Ковид-19 и бил на затворската корона листа, пренесе Гардијан.

Брум бил осуден на смерт поради силување и убиство на Трајна Мидлтон (14), откако ја киднапирал во Кливленд во 1984 година, додека се враќала од спортски настан.

Надлежните во Охајо соопштија дека се претпоставува оти 124 затвореници во таа држава починале од корона.