Аргентина прва во Латинска Америка ја користи руската вакцина „Спутник V“

 Аргентина денеска со руската вакцина „Спутник V“ ја почна вакцинацијата на населението против коронавирусот и со тоа стана првата држава од Латинска Америка што ја користи оваа вакцина.

Вакцинацијата почна истовремено во цела Аргентина, а притоа предност добија здравствените работници.

Министерството за здравство најави дека прво треба да се вакцинираат најзагрозените групи.

Аргентина е четврта земја во Јужна Америка која ја почна вакцинацијата, по Мексико, Костарика и Чиле, кои ја користат вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“.

Првата пратка од 300.000 дози од руската вакцина во Аргентина пристигна на 24 декември како дел од договорот што предвидува испорака на дополнителни 19,7 милиони дози во јануари и февруари.

Аргентина, држава со 45 милиони жители, регистрира над 1,5 милион заразени со коронавирусот, од кои досега умреа 42.800 лица.