Во новиот состав на американски Конгрес ќе има рекордни 141 жена


Во новиот состав на американскииот Конгрес – 117. по ред, што ќе почне со својата работа во јануари, ќе има рекорден број жени – 141, од кои 105 се од редовите на Демократската партија, а 36 од Републиканската партија.

На овој начин е урнат претходниот рекорд од последното, 116-то свикување на Конгресот, кога имаше 127 припаднички на понежниот пол, соопшти Руџерс универзитетот за жени и политика.

Републиканците, исто така, го урнаа рекордот според бројот на жени што ќе ги претставуваат нивните политики во двата дома на Конгресот (36), бидејќи претходниот рекорд беше 30, од 2006 година, додека на демократите им недостасува една жена за да се изедначи со рекордот од 2019 година, јави телевизијата Еј-Би-Си Њуз.

Следната година во Конгресот ќе има најмалку 51 жена која не е бела, што е рекорд, од кои 46 се од Демократската партија и пет од Републиканската партија.