Нема повредени македонски државјани по земјотресот во Хрватска


Има оштетени згради и во Загреб

Засега нема информации за повредени македонски државјани по земјотресот во Хрватска.

Министерствата за надворешни работи при двете земји се во постојана комуникација по денешниот силен разорен земјотрес кој ја погоди Хрватска.

По земјотресот во Хрватска телефонските врски беа во прекин, а делови од земјата се и без електрична енергија.